Напијте се една чаша црвено вино за вита става и подобра циркулација. Пишува: Филип Анастасовски – Вино Маркет
01. Уживајте во добрата храна и останете вити
Уште една од придобивките кога се пие вино во умерени количества. Типичен пример за ваквото тврдење е таканаречениот француски парадокс. И покрај тоа што имаат калорична и зачинетa кујна, Французите остануваат вити и поздрави токму поради навиките за пиење барем една чаша вино со главниот оброк.
02. Ја подобрува меморијата
Едно истражување направено на лица постари од 70 години покажало дека оние што пијат по една чаша вино дневно паметат повеќе од другите. Исто така, докторите објасну- ваат дека тоа спречува згрутчување на крвта и го намалува воспалението на крвните садови.
03. Помага при согорување калории
Практиката покажува дека луѓето што пијат вино редовно имаат помала телесна тежина од оние што ретко го прават тоа. Докажано е дека испиената чаша вино може да го натера вашето тело да согорува калории цели 90 минути.
04. Го зајакнува имунитетот
Една британска студија вели дека љубителите на вино го намалуваат ризикот од инфекција со бактеријата хеликобактер пилори, која може да предизвика гастритис, чир или рак на желудникот. Исто така, помага и при заштитата од труење со храна, како, на пример, од салмонела.
05. Заштитник на јајчниците
Една чаша дневно го намалува ризикот од рак на јајчници за 50 отсто. Научниците веруваат дека ова се должи на антиокси- дансите што ги има во виното, а кои имаат антиканцерогени својства.
06. Ги зајакнува коските
Во просек, луѓето што редовно пијат вино имаат поголема коскена маса од оние што не го практикуваат. Виното содржи повеќе од 1.000 состојки. Освен витамините и минералите, кои се содржани во виното и помагаат за голем број функции во организмот, тоа содржи и хранливи состојки, шеќер (особено декстроза), глицерол, протеини и алкохол. Од витамините присутни се: A, Б, Ц и повеќе минерали, од кои најистакнати се натриумот и магнезиумот врзани за органска (винска) киселина. Црвеното вино е побогато со хранливи состојки, а белото во составот содржи поголемо количество рибофлавин (витамин Б2) во однос на црвеното вино. Витаминот Б е стабилен и не исчезнува со стареењето на виното. го зголемува нивото на естроген, хормон што го забавува ронењето на старите коски.
Пиењето вино значително ја намалува можноста за појава на карциноми, го зголемува добриот холестерол (ХДЛ), а истовремено го намалува лошиот (ЛДЛ). Исто така, го намалува и крвниот притисок. Помага при лош проток на крвта во артериите бидејќи ги шири крвните садови, со што се подобрува протокот на крвта низ телото.
Виното е одлично за анемија, која може да се спречи со пиење вино во умерени количества. Виното во мали количества го зголемува либидото. Кога е во прашање виното како афродизијак, умереноста е клучот на ова прашање: потребно е само малку вино за да се почувствуваат овие ефекти.
За детално читање на овој текст, погледнете на 04-05 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Февруари 2023).