Летото носи многу убавини – сонце, море и релаксација. Но, за жал, со топлината и влажноста доаѓаат и несаканите гости: комарци, пчели, оси и други инсекти кои можат да ни го нарушат одморот. За среќа, со неколку едноставни совети и соодветна заштита, ризикот од убоди може значително да се намали.
Превенција – најдобрата заштита
Користете репеленти: Препарати со DEET, икаридин или природни масла (лимон, еукалиптус, лаванда, цитронела) се ефективни во одбивање инсекти.
Носете облека со долги ракави и панталони при прошетки низ природа или крај вода, особено навечер.
Избегнувајте парфеми и светла облека кои можат да привлечат инсекти.
Користете заштитни мрежи за прозорци и врати или мрежи за спиење ако сте во природа.
Што ако ве касне инсект
Убод од комарец: измијте ја зоната со вода и сапун. По потреба, нанесете крем со антихистаминик или хидрокортизон.
Убод од пчела/оса: извадете го убодот (ако е присутен) со чиста пинцета. Ладен облог помага при оток. Следете за алергиска реакција – ако има отежнато дишење, вртоглавица или отекување на лице/грло, веднаш побарајте лекарска помош.
За сите убоди: не чешајте – тоа само ја влошува состојбата и може да доведе до инфекција.
Што да понесете со себе
Репелент спреј или крем
Антихистаминици (таблети или маст)
Дезинфициенс и крем за смирување на кожата
Ладни облоги (гел-пакувања или термален спреј)
Со правилна подготовка, летото може да помине без гребнатинка или убод. Консултирајте се со вашиот фармацевт за најдобра заштита според вашата возраст, кожа и потреби.
Пишува
Соња Каревска
- Фармацевт
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци