Фармацевти
Контакт

<< Назад

СОВРЕМЕН ПРИСТАП ВО ТРЕТМАНОТ НА РИНИТИС И АЛЕРГИСКИ РИНИТИС

март 3, 2025

Алергиски ринитис е воспаление на слузницата на носот кое се јавува како последица на прекумерна реакција на имунолошкиот систем на алергените од воздухот и алиментарните алергенски стимули.
Знаците и симптомите вклучуваат течење на носот или затнат нос, кивање, црвенило, чешање, солзење на очите и оток околу очите. Секретот од носот вообичаено е бистар.
Симптомите се јавуваат до неколку минути по изложување на алергенот и може да влијаат врз спиењето и способноста за работа и учење. Покрај алергиски ринитис може да дојде до бактеријално наслојување на инфекција на носна слузница со типични симптоми за бактеријален риносинузитис.
Во однос на терапијата на риносинузитис спаѓаат разни групи на лекови кои придонесуваат за стабилизација на симптомите и излекување.
Тука спаѓаат: антибиотици во согласност со антибиограм според тежината на инфекцијата на носната слузница, интраназалните кортикоспрејови, интраназалните антихистаминици, комбинација на интраназален кортикоспреј со интраназален антихистаминик, интраназалните деконгестиви (xylometa­zo­line) -spray Olynth во различни концентрации, системските кортикостероиди, антихистаминици, кромолински препарати, антагонисти на PAF рецепторите, антилеукотриените, а по најнови студии и позитивен ефект во третманот на алергии наоѓаат место и пробиотиците.

Д-р Енсер Јусуфоски - специјалист оториноларинголог со насоченост кон ринологија ЈЗУ Општа болница - Кичево

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>