Фармацевти
Контакт

<< Назад

Брзи и здрави есенски рецепти

септември 1, 2022


Пита од тиква


Состојки:

Подготовка:
1. Во сад ставете го брашно, а потоа го додавате шеќерот во прав, со прстофат сол и путерот исечкан на коцки. Сето тоа го месите со прсти, додека не се создаде компактна маса, односно тесто да добие изглед на издробени трошки.
2. Во таа смеса додајте едно јајце и јаболков оцет и сè заедно се меша со лажица. По потреба се додава вода, па тестото рачно се меси и обликува во топка. Потоа, тоа се завиткува во проѕирна фолија и се става во фрижидер, да отстои околу 30 минути.
3. Во меѓувреме го подготвувате кремот. Тиквата исчистете ја и исечкајте ја на коцки. Потоа, варете ја тиквата со 100мл вода. Затворете и варете на тивок оган околу 15-тина минути, односно додека тиквата не омекне.
4. Сварената тиква процедете ја и ставете ја во друг сад. Во тој сад додадете ја павлаката или цврстиот јогурт, кафениот шеќер, циметот во прав, ѓумбирот во прав и трите јајца. Сè добро измешајте додека смесата не стане компактна.
5. На даска на која претходно сте наросиле брашно, ставете го тестото и расукајте го, да биде со дебелина од пола сантиметар и нешто пошироко од големината на садот за печење.
6. Тестото потоа префрлете го во садот за печење (оние за тарт се идеални). Потоа, тестото со вилушка „избодете“ го по дното и во него ставете го кремот од тиквата.
7. Ставете во загреана рерна и печете околу еден час на 180 степени. Декорирајте по желба со шлаг или слатка павлака.

Италијанска салата


Состојки:
• 500 гр макарони
• 150 гр моцарела
• 10 мини домати
• 100 гр црни маслинки
• Сок од половина лимон
• 1 лажица оригано
• Маслиново масло
• Сол

Подготовка:
Сварете ги тестенините и посипете ги со маслиново масло. Додајте ги коцките моцарела, половинките мини домати и маслинките без семка. Помешајте со зачини и лимонов сок и за околу 20тина минути имате свежа и сочна италијанска салата.

Поширано јајце


Состојки: 1 јајце, 1 авокадо, сол
Подготовка:
Ставете тенџере со вода да зоврие, а потоа посолете ја водата. Во меѓувреме, скршете едно јајце (или две или три) во мала чаша. Со лажица почнете да ја мешате зовриената вода со големи кружни движења.
Кога водата се врти како торнадо, додадете ги јајцата. Водата што се врти ќе и помогне на белката да се завитка околу себе додека се готви. Гответе околу 2 1/2 до 3 минути.
Со помош на цедалка извадете го јајцето (или јајцата) во чинија. На потпечено парче леб намачкајте пасирано авокадо, одозгора ставете го пошираното јајце и зачинете по вкус.

Мафини со тиквички и фета сирење


Состојки:
• 3 средни тиквички
• 200 гр. брашно
• 50 гр. рендана фета сирење
• 2 лажици кисело млеко
• 100 мл. сончогледово масло
• 100 мл. млекож
• 1 кесичка прашок за печиво
• по потреба сол, црн пипер и маслиново масло
• 3 јајца

Подготовка:
1.Најпрво тиквичките исeчкајте ги на мали коцки и испржете ги со малку маслиново масло. Оставете ги да се оладат.
2. Во сад за матење, додајте ги јајцата, сончогледовото масло, млекото, киселото млеко и изматете ги со жица за матење. Потоа додајте ги брашното, прашокот за печиво, фетата, солта, црниот пипер и размешајте со вилушка, додека смесата не стане хомогена. На крај, додајте ги изладените тиквички и промешајте.
3. Калaпот за мафини, премачкајте го со путер или ставете хартиени калапи и додајте ја рамномерно смесата. Печете ги мафините во загреана рерна на 180 степени, околу 20-25 минути.

За детално читање на овој текст, погледнете на 30-31 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Септември 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>