Фармацевти
Контакт

<< Назад

Да се дарува крв и да се спаси нечиј живот – 14 јуни – Светски ден на крводарителството

јуни 1, 2021

Мерита Алили
Црвен крст – Гостивар

|



Крводарителството во Република Северна  Македонија се темели на принципите на доброволност, анонимност, бесплатност и солидарност. Само ваквите принципи обезбедуваат посигурна крв и крвни продукти. Со самото дарување  крв, крводарителот изразува највисок степен на солидарност со сите оние на кои таа им е потребна, без оглед на возраст, пол, раса, боја, национална и верска припадност.

Доброволното дарување крв претставува одраз на високи етички, хумани и морални вредности. Да се дарува крв и да се спаси нечиј живот. Доброволното крводарителство во Република Северна Македонија има една единствена цел, а таа е да се мотивираат што поголем број  луѓе кои треба доброволно да даруваат крв за да може да се соберат потребните количини  крв и крвни продукти кои се неопходни за лекување на болните и повредените. Крводарителството ги развива особините на хуманост и солидарност кај граѓаните, а особено кај младите, придонесува за подигнување на нивото на здравствена култура и јавна свест. Од тие причини, според Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гостивар мотивирањето на населението за доброволно дарување  крв е исклучително важно за градење позитивен однос кон крводарувањето.

Црвен крст на Република Северна Македонија – Опшинска организација Гостивар, во координација со Црвен крст на РСМ, ИТМ на РСМ и  Кабинет за трансфузиона медицина Гостивар ги реализира крводарителските акции (исполнување  годишна програма за крводарителство). Целта на оваа програма е унапредување на културата на доброволно крводарителство, изградба на стабилна резерва на крв и крвни компоненти, обезбедување  квалитетна грижа за здравјето и сигурноста на крводарителите.  Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гостивар покрај континуирано реализирање на крводарителските акции ги одбележува и 17 март Денот на крводарителството во РСМ и 14 јуни Светски ден на крводарителството.



Оваа година по повод 14 јуни Светскиот ден на крводарителството Општинската организација Гостивар ќе додели јубилејни признанија за остварено дарување крв во 2020 година за  25 и 50 пати дарувана крв, и за најуспешните организации, институции на полето на крводарувањето. Во периодот март 2020 – март 2021 година е забележано  намалување на бројот на спроведени акции за дарувања  крв и бројот на доброволни дарувања крв како последица на пандемијата од ковид-19, а додека потребите за нормално функционирање на  здравствениот систем од крв и крвни продукти се зголемени. Општинската организација на Црвен крст Гостивар ќе ги мобилизира сите достапни ресурси во регрутирање  нови дарители и  зголемување на свеста на населението од потребата за дарување  крв посебно кај младата популација. Дарувањето  крв во целост е безбедно и не е поврзано со пандемијата од ковид-19.

Ја користам оваа прилика да упатам АПЕЛ до сите потенцијални крводарители да даруваат од оваа драгоцена течност зашто таа за некого живот значи.

За детално читање на овој текст, погледнете на 14 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈУНИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>