Фармацевти
Контакт

<< Назад

Заштита од комарци на природен начин

август 3, 2022



Секоја година комарците се вистинска досада и никој од нас не сака да го слуша нивното зуење во текот на ноќта, како и да ги почуствува на своја кожа нивните каснувања. Овие неколку совети ќе ви помогнат да користите природен и делотворен начин со кој ќе се заштитите од овие мали здодевни инсекти.
Да се заштитите од комарците не е само поради незгодните каснувања и чувтсвото на чешање после каснувањето, туку и поради фактот што истите овие инсекти можат да пренесат заразни болести како што се: маларијата, жолтата грозница и други заразни болести.

Природни начини на заштита од комарци:
• Избегнувајте работи кои ги привлекуваат комарците – како што се темна облека и места каде има многу дрва и растенија со темни листови.
• Јаглен диоксид – нашето тело го ослободува јагленот диоксид кога ни е топло, кога се потиме, како и светлата, свеќи или оган исто така ги привлекуваат комарците.
• Млечна киселина – нашето тело ослободува млечна киселина после солени јадења, а оваа киселина е магнет за комарците.
• Цветни и овошни мириси – малку кој знае дека овошните и цветните мириси многу ги привлекуваат комарците. Затоа кога престојувате на места каде што има комарци избегнувајте ја парфимираната козметика.
• Температурата на кожата – различните видови на комарци сакаат и различна температура на кожата, но како непишано правило е дека поладните делови од телото како што се ладни раце и нозе се попривлечни за комарците. Доколу може покривајте ги тие делови.
• Влагата – се знае дека комарците сакаат влага. Дури и најмала количина на вода како влажно цвеќе или локва вода после дожд ги привлекуваат комарците. Отстоена вода е место каде се размножуваат комарците, затоа избегнувајте ги влажните места и одржувајте го вашето тело суво.
• Ветер – е ова е единственото нешто што комарците не го сакаат. Ветерот ќе го намали бројот на комарците за 50%.

Користете ги следните етерични масла за природна заштита од комарци: масло од цитрони, од лимонов еукалиптус (Eucalyptus Citriodora), етерично масло од цимет, рицинус, рузмарин, лимонска трева (Lemongrass – Cymbopogon citratus), потоа етерично масло од кедар, гераниум, лаванда, лук и босилек кој успешно ги отстранува комарците. Затоа многу луѓе на своите балкони садат и одгледуваат босилек.

Ако сепак се одлучите за хемиски средства против комарци се препорачува да се набават производи кои во себе содржат повеќе состојки, бидејки ќе бидат поефикасни во заштитата од комарците. Доколку пак ве каснат комарците, последицата е создавање на пликчиња кои непријатно чешаат.

За да го ублажите чешањето и црвенилото на својата кожа мачкајте ги со масти на база на алое вера, камилица, прополис, невен и раствор на сода бикарбона растопена во малку вода. Овие средства ќе ви го намалат непријатното чувство се додека дејството на каснувањето не помине.

Меѓутоа не дозволувајте комарците да ви ги уништат убавите топли денови во кои треба да уживате.

Природните средства ефикасно ќе ги одбијат комарците, но потребно е да ги нанесувате на секои 2 часа и во поголеми дози, отколку хемиските средства против комарци.

За детално читање на овој текст, погледнете на 32 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Август 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>