Фармацевти
Контакт

<< Назад

здрАВОКАДО

март 1, 2020

|



Како овошје со голема енергетска вредност, авокадото спаѓа во категоријата суперхрана, како плод богат со здрави масти и протеини. Хранливоста на авокадото се докажува и со присутноста на витамините и минералите кои се основни состојки во балансираната и здрава исхрана, особено кај децата и бремените жени.

Со 100 грама авокадо можете да ја задоволите препорачаната доза на дневна количина на многу витамини и минерали:

Иако најчесто се користи во салати и намази, станува збор за овошје кое има безброј позитивни влијанија врз нашиот организам.

Авокадото ги содржи витамините А, Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, Е, К и минералите  фосфор, магнезиум, железо, калиум, калциум и цинк.

100 грама авокадо има приближно 165 калории.

Помага во регенерацијата на ткивото и кожата и со тоа придонесува за заздравување на раните.

Содржи повеќе протеини од другите овошја.

Го зајакнува имунолошкиот систем. Штити од карцином.  Го спречува формирањето на клетките на ракот, особено рак на простата и дојка.

Дејствува како антиоксидант и ги штити клетките.

Содржи витамин Б6, кој ја намалува појавата на гадењето и ја спречува утринска мачнина за време на бременоста.

Авокадото како добар извор на калиум, ги спречува бубрежните заболувања со одржувањето на рамнотежата на течности во бубрезите.

Со уништување на бактериите во устата, авокадото ја спречува појавата на лош здив.

Го спречува стеснувањето на срцевите садови.

Позитивно влијае на кардиоваскуларните заболувања.

Авокадото содржи заситени масни киселини кои го спречуваат зголемувањето на холестеролот, со што дејствува како природен лек против кардиоваскуларните заболувања.

Често се користи при третман на сува и оштетена коса.

Маслото од авокадо е корисно за проблеми со егзема и псоријаза.

Го подобрува видот, бидејќи авокадото содржи каротеноиди како лутеин и зеаксантин, кои помагаат при заштита од очни болести како катаракт.

Неутрализирајќи ги токсичните материи во организмот, авокадото ги уништува штетните материи кои ги внесуваме во нашиот организам и на тој начин се одложува стареењето на телото. Со самото спречување на стареење на ткивото, се спречува и појавата на одредени болести.

Како да го избереме идеалното авокадо?

Можеби ова овошје го сметате за плод без вкус и мирис и немате инспирација како да го комбинирате во вашиот оброк, но тајната на вкусното авокадо се крие во изборот. Потребно е да знаете дека авокадото зрее откако е собрано. Она што е важно е при изборот на идеалното авокадо треба да го земете најмекото или доколку не најдете такво, потребно е да почекате неколку дена да омекне, со што, всушност, ќе почекате да созрее. За да го забрзате омекнувањето (зреењето) на авокадото, можете да го завиткате во весник и да ставите неколку јаболка до него. Доколку, пак, сакате да го одложите процесот, доволно е да го чувате во фрижидер. Имајте на ум дека незрелото авокадо е цврсто како лубеница, додека зрелото е меко како диња. Зрелото авокадо има темно зелена боја и можете да го излупите како кора од банана. Ако чекате премногу долго, кората ќе се претвори во црна боја и вашето авокадо ќе почне да се расипува.

Може да ја намали вашата телесна тежина

Една студија покажала дека по јадење авокадо, чувството за ситост се задржува подолго и внесувате помалку храна во текот на денот. Покрај тоа, мононезаситените и олеинските масти кои ги содржи авокадото во дури до 80 проценти, помагаат во уништувањето на абдоминалните масти, со што го спречуваат таложењето на масни наслаги околу половината и стомакот.

Бонус BETTY совет

Констипацијата е честа појава во последните месеци од бременоста,  растителните влакна во авокадото може да бидат од голема помош против неа.



За детално читање на овој текст, погледнете на 20-21 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАРТ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>