Фармацевти
Контакт

<< Назад

Золеник – рецептите на мајките се секогаш во мода

март 1, 2021

Бранко Попоски
блогер за храна

|



Рецептите на мајките се секогаш во мода

Золеник

Во продолжение следува оригинален и традиционален рецепт кој е многу едноставен за подготовка.

Потребни состојки:

Начин на подготовка:

Во подлабок сад се  става пченкарното брашно, се додаваат  3 лажици бело пченично брашно и добро се промешува. Потоа се подготвува филот од 2 страка праз и 2 јајца.

Во тава со масло се пропржува сечканиот праз, се додаваат двете јајца и се зачинува со сол по вкус. Додека се пропржува празот со јајцата, во плехот се налева масло. Со рака се „золе“ од смесата со пченкарно и пченично брашно. Одозгора брашното се натопува со вода со сол и пециво. Потоа пак се „золе“ со брашно и се натопува со солената вода. Се попрскува со масло и повторно се „золе“ брашно. Потоа се става од филот со праз и јајца и повторно се „золе“ брашно. Се налева солена вода, се попрскува со масло и се додава преостанатиот фил. Филот се покрива со брашно, се попрскува со масло и се остава да отстои околу 15 минути.

Се пече во загреана рерна околу 30 минути на 250 степени.

* „золе“ е постапка која се прави со рацете и наликува на триење 

За детално читање на овој текст, погледнете на 25 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАРТ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>