Фармацевти
Контакт

<< Назад

Зошто е важен сонот за децата и кои се последиците од недоволен сон?

јануари 1, 2021

Сања Ѓорѓева
сертифициран тренер за спиење на бебиња и деца

|



Додека вашите дечиња спијат, во нивните мозочиња се случуваат прекрасни работи.

За разлика од нас возрасните, на децата им е потребно многу повеќе спиење. Сонот е многу важен за здравиот раст и развој на дечињата и е од големо значење за да им воспоставите здрави рутини и навики за спиење. Дел од причините поради кои не смее да се занемарува сонот, и треба да внимавате на спиењето на вашите деца се:

1️.Децата растат и се развиваат додека спијат! Хормонот за раст, соматотропин, се произведува за време на спиењето. Хормонот за раст дејствува на најголемиот дел од телесните ткива, во кои стимулира синтеза на протеини, неопходни за растењето. Кај децата овој хормон најмногу се лачи за време на ноќното спиење, кога ќе влезат во длабоката фаза на сон. Длабоката фаза на спиење се случува на почетокот на ноќта, доколку оваа фаза е попречена, растот нема да се развива нормално. Ако една ноќ на попречено спиење нема да му наштети на растот, хронични проблеми со спиење во детството ќе му наштетат. Неодамнешните истражувања покажуваат дека децата со намалено количество на хормонот на раст имаат проблеми со спиењето, не спијат доволно, за разлика од децата кои имаат нормален хормон на раст.

2️. Додека децата спијат навечер, нивните мозочиња работат со полна пареа и го обработуваат она што го доживеале преку ден. Ги процесираат сите насобрани информации и се полнат со нови знаења и вештини кои можат да останат запаметени, бидејќи милиони нови невронски врски се формираат за време на ноќното спиење. Со други зборови, децата учат додека спијат! Ако вашето бебе не спие доволно, овој процес е нарушен.

3️. Хормоните кои ги регулираат гладот и апетитот, како инсулин и кортизол (стрес хормон), исто така, се нарушени од недоволен сон. Мали деца кои долг период имаат попречено спиење и недоволен сон, имаат екстремно ниско ниво на инсулин, кое може да доведе до дијабетес и проблеми со тежината. Неодамнешните истражувања покажуваат дека децата кои имаат нарушено спиење се со зголемен ризик од дебелеење. Децата кои не спијат доволно имаат високо ниво на кортизол кој им предизвикува стрес. Добриот сон го намалува стресот и го зајакнува имунитетот.  Наспани деца се расположени и здрави деца.
⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀⠀
Доволна количина на сон има исклучително позитивен ефект врз развивање на емоционалната интелигенција кај децата.  Кога се добро наспани, можат многу подобро да се фокусираат и концентрацијата им трае подолго, а поради тоа се подготвени за истражување на светот околу нив и учење нови работи.

Но како да препознаете дали на вашето дете му е потребно повеќе спиење?

Без разлика на возраста, овие знаци укажуваат дека му е потребно повеќе спиење:

  1. Изразена емотивност (чести тантруми, промена на расположение, лесно се навредува, нема трпение);

  2. Тешко се буди наутро;

  3. Потешкотија при концентрирање или фокусирање на некоја игра;

  4. Долги или прекумерни дремки;

  5. Хиперактивност;

  6. Тешко заспива (преумореност);

  7. Заспива веднаш штом ќе ја стави главата на перницата (на дете со здрави навики на спиење му се потребни околу 20 минути да потоне во сон );

  8. Зголемен апетит;

  9. Често паѓање и невнимателност;

  10. Прекумерно зборување (повеќе прашања од нормално, брзи неповрзани разговори).


На долунаведената слика можете да проверите колку часа  спиење се потребни за различна возраст.



Спиењето е основна потреба, исто како и јадењето, без која не можеме да живееме.  Сè додека нашите деца не се во можност сами да се грижат за својата храна и за својот сон, наша родителска должност е да им обезбедиме здрава храна и здрав сон, да им создадеме здрави навики на јадење и на спиење, а со тоа да ја поставиме и да ја зацврстиме основата за здрави деца.

Не заборавајте дека наспани деца се расположени и здрави деца!



За детално читање на овој текст, погледнете на 20-21 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈАНУАРИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>