Фармацевти
Контакт

<< Назад

Зошто уринарните инфекции се почести кај жените?

мај 6, 2022



Др. Горан Стевчевски


Добро познато е дека уринарните инфекции се почести кај жените. Една од причините за зголемената инциденца на уринарни инфекции кое важи како генерално правило зошто уринарните инфекции се почести кај жените во секое доба од животот е должината на уретрата која е значајно помала и порамна во однос на мажите. Овој податок дозволува микроорганизмите кај жените побрзо да стигнат до мочниот меур и да предизвикаат уринарна инфекција.

Дополнителен фактор е блиската поставеност на аналниот отвор и уретрата. Неправилното чистење по дефекација ги носи бактериите од цревата директно на уретрата и на тој начин се овозможува развој на уринарна инфекција.

Кога разговараме за жени во репродуктивниот период, кај некои од нив, уринарните инфекции се асоцирани со промената на хормоналниот статус. Поради тоа, некои жени се склони кон уринарни инфекции во одреден период во тек на менструалниот циклус, најчесто пред менструација. Склоноста кон уринарни инфекции се зголемува и кај жени кои употребуваат спермициден гел или дијафрагма како контрацептивни средства.

За време на бременост, каналите на уринарниот систем од бубрезите до мочниот меур се проширени, и затоа урината не може да се дренира доволно брзо. Поради застој на урината и природната имунодефициентност на жената во тек на бременост, таа е посклона кон развивање на уринарна инфекција.

Кај жени во менопауза, ѕидовите на уретрата и мочниот меур се истенчуваат и стануваат посуви со тек на време, состојба слична како по хистеректомија.

Сите овие фактори допринесуваат за образложение и констатација дека уринарните инфекции се почести кај жените во однос на мажите! Во ваква ситуација на пациентите им се советува соодветен хигиенодиететски режим кој подразбира: одмор, внесување на најмалку 2 литра вода дневно, комплетно празнење на мочниот меур со мускулна масажа, мокрење по секој полов однос и хигиенско брише- ње (од напред према назад). Корисни може да бидат и додатоци во исхраната на база на Д-маноза и специфични пробиотици (S.Boulardii) кои се врзуваат за бактеријата Escherichia coli и по механички пат ги намалуваат нејзините концентрации во мочниот меур со што се намалуваат непријатните симптоми. Овие додатоци се безбедни за употреба во период од 1 недела до 6 месеци и значајно ја намалуваат појавата на рецидиви а може да се користат и паралелно со антибиотската терапија.

За детално читање на овој текст, погледнете на 14-15 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Мај 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>