Фармацевти
Контакт

<< Назад

Зрно здравје

февруари 1, 2020

|



Една од поважните причини заради која би го одбрале ова овошје е неговата здравствена и прехранбена вредност. Здравствените придобивки од консумирањето грозје се многубројни, а истражувањата ги потврдуваат неговите лековити својства во спречувањето настинки, подобрувањето на метаболизмот, спречувањето канцер, на срцевите заболувања,  високиот крвен притисок, Алцхајмеровата болест, ја лекува мигрената, дури има влијание и при констипација (запек). Смирувачките својства на сокот од грозје помагаат за ослободување од стресот и болката кај луѓето со мигрена. Ова е причината заради која лекарите го препорачуваат зрелото грозје или сокот од грозје.

Грозјето може да се консумира на повеќе начини – да се исцеди свежо како сок, како вино, да се приготви како слатко (џем) или да се консумира како суво грозје. Ова популарно овошје се одгледувало пред повеќе од 8000 години, кога за првпат било култивирано во Средниот Исток. Можеби ќе ве изненади фактот дека грозјето спаѓа во групата зрнесто овошје, заедно со боровинките, капините и аронијата. Секоја година низ светот се произведуваат 72 милиона тони грозје, а повеќето од таа количина се користи за производство на вино.

Грозјето нуди голем број здравствени придобивки бидејќи е високонутритивно, особено изобилува со витамините Ц и К и има многу антиоксиданти.

Во една чинија грозје има:

Зеленото грозје штити од грип и вируси

Голем број состојки во грозјето штитат од бактерии, така што се борат против нив. Одличен извор е на витаминот Ц, кој е добро познат по неговите здравствени придобивки за имунитетот.

Високо ниво на антиоксиданти може да спречи хронични болести

Грозјето има големо количество моќни антиоксиданти и најголемиот дел од нив ги има во лушпата и семките. Црвеното грозје содржи најголем број антиоксиданти. Антиоксидантите ги има дури и по неговата обработка, како што е ферментацијата, па затоа и црвеното вино изобилува со нутритиенти.

Затоа грозјето е здраво за срцето, го намалува крвниот притисок и штити од канцер. Грозјето содржи витамин Ц, бета каротен, лутеин, ликопен, кои исто така се моќни антиоксиданти.

Влијае на крвниот притисок

Една чинија грозје содржи околу 300 милиграми калиум, што е шест проценти од дневната препорачана доза. Овој минерал е потребен за здрав притисок во крвните садови. Внесувањето мало количество калиум е причина за зголемен крвен притисок, срцеви болести и удари.

Го намалува холестеролот

Во САД е направена студијакоја покажала дека јадењето околу 500 грама грозје дневно, 2 месеци по ред, го намалува лошиот холестерол.

Штити од одредени видови канцер

Го намалува ширењето на канцерот, но има и антиканцер-дејство.

Една студија направена на 30 луѓе над 50 години, покажала дека јадењето 450 грама грозје дневно, во период од две недели, ги намалило тумор-маркерите за канцер.

Го регулира нивото на шеќер во крвта

Грозјето содржи 50 грама шеќер во 300 грама, па сигурно ќе се запрашате дали е добро да го јадат дијабетичари. Бидејки има низок гликемиски индекс, неговите состојки го намалуваат шеќерот во крвта.

Богато е со состојки здрави за очите

Состојките со кои е богато грозјето, штитат од катаракта и од очен притисок.

Содржи нутритиенти добри за коските

Грозјето содржи минерали добри за коскеното здравје, вклучувајќи ги калциумот, магнезиумот, калиумот, фосфорот и витаминот К.

Грозјето има викоко ниво на хидратација

Во последно време во декоративната козметика се повеќе се користи маслото од семки од грозје. Ова масло има хидратантно дејство и се употребува најмногу како масло за масажа. Маслото од семки од грозје ја затегнува кожата и поради тоа е важна состојка на продуктите за кожа, кои ѝ даваат мат изглед.

Грозјето е клучно за здрав начин на исхрана. Еве неколку идеи како да го консумирате:

За детално читање на овој текст, погледнете на 16-17 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ФЕВРУАРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>