Фармацевти
Контакт

<< Назад

Интервју – Сашко Коцев и Матеј Настевски: Светот на Зоки Поки

јуни 1, 2020

|


МАТЕЈ НАСТЕВСКИ



  1. Не ќе постоеше Зоки Поки на малите екрани, ако не постоеше Матеј Настевски! Матеј, кога за првпат ја читаше книгата „Зоки Поки“, дали посакуваше да си барем на еден ден дел од неговите авантури?




  1. Како Матеј стана „Зоки Поки“?





  1. Како реагираат твоите другарчиња сега кога имаат прилика да те гледаат пред малите екрани?




  1. Која е најинтересната случка досега од снимањето на серијата?





  1. Кој е најпалав од сите актери?



Бр. 1- Зоки Поки

Бр. 2- Боки

Бр. 3- Гоки

  1. Која е најумната работа што ја научи од серијата?





  1. Зоки Поки важи за бестрашно дете во книгата и серијата, дали и ти си храбар во приватниот живот како него?




  1. Што значи за тебе другарството?




  1. Која е пораката што сакаш да ја пратиш до сите деца?



САШКО КОЦЕВ




  1. Го глумиш таткото восеријата, татко над татковците, пример за тоа како треба да се воспитува едно паметно дете како Зоки Поки. Што би им порачал на сите родители, сега кога и ти во реалниот живот си родител?


Да, ова е мојот 4ти oдигран татко во мојата кариера. На првата улога како татко се подзамислив, некако не ми беше толку драга, веројатно дека почувствував како годините ме донеле до таа возраст. Но, тоа бргу се надминува кога вистински си татко. Тогаш мотивите за улогите ги црпеш од своето искуство, градењето на улогата ти станува забавно, што впрочем е и суштината на нашата работа....и почнува животот на ликот да се испреплетува со твојот. Посебно во вакви детски и ведри секојдневни приказни како Зоки Поки кои сите нас нè потсетуваат на нашето детство и нашите детски палавштини.
Рецепт за тоа каков родител да се биде  мислам дека не постои и затоа не знам што би им порачал на родителите.Тоа е одговорна задача, но воедно и најубава. Секој постапува со своето во согласност со своето убедување, но сигурно е едно...дека сите сакаме да бидеме најдобриот родител.

  1. Препознатлив си по многу улоги на македонската сцена, колку ти е оваа улога драга и во што е поразлична?


Ликот е еден ведар татко, страствен навивач на еден странски фудбалски клуб, па од суеверие дури не ја бричи брадата до финалниот натпревар,за да случајно не им направи малер. Инаку секогаш е тука да му ги доближи и појасни работите на својот син. Ликот го градевме и обликувавме во текот на снимањето. Не авторитативен, туку авторитарен родител, а понекогаш дури и поголемо дете од Зоки.
Секако овој лик никако не е далеку од вистинскиот татко Сашко. Татко кој на невообичаен  и  духовит начин му ги доближува животните вредности на своето дете, без да му направи никакви предрасуди за секојдневните случувања или детски препреки и проблеми.
Секако дека ова е моја многу драга улога, ме врати во детството, а во исто време ми помогна да бидам уште подобар татко.



  1. Дали е тешко да се работи со деца на сет?


Прилично е тешко да се работи со деца, не затоа што би биле палави и би ја рушеле концентрацијата,туку затоа што тоа е друго ниво и начин на размислување. Споредбено, тоа е како да играте баскет во маало со вашиот 9 годишен внук. Сигурно нема да го имате тој борбен и победнички дух, туку ќе се спуштите на неговото ниво за да потрае играта. Тоа некогаш потсвесно може да се случи и во вашиот актерски израз на снимањето. Но, за среќа овде, на снимањето на оваа серија, не се случи такво нешто. Ние уште на првиот снимачки ден со доаѓањето на децата, не видовме некакви дечиња, туку добивме подготвени млади актери, многу внимателно одбрани од режисерско-продуцентскиот тим, кои се носеа на исто ниво заедно со нас во креативниот занес.

  1. Што ти остави најголем впечаток од целокупното дружење и работа околу серијата?


Ведрината со која работевме. Сите станавме деца, а децата станаа возрасни. За мене беше посебно тежок период ,зашто во исто време снимав уште еден филмски  проект, но целиот замор исчезнуваше со првото „АКЦИЈА“.  А,после секое „СТОП“ имаше нова анегдота која уште се прераскажува.

  1. Дали би сакал и твојата ќерка Јоана, еден ден да биде твоја колешка на малите екрани?


Ух, ова е тешко прашање, знаејќи колку е поразителен неуспехот, падовите и целиот филмски свет, а колку е сладок успехот и славата....навистина би било тешко да сме колеги, не би знаел дали лично да ѝ помогнам без нејзин труд, или воопшто да не се трудам и да се грижам гледајќи ја како самата се бори со сите препреки, успони и падови. Сепак би бил горд родител за што и да се одлучи да работи и би ја имала мојата подршка. А и мислам дека е доста рано за овие размислувања.

  1. Што научи од денешните деца додека работевте заедно?


Научив, всушност се потсетив дека еден актер мора да остане дете заробено во едно поголемо тело, дека детската игра е основата на актерската игра и дека искреноста на сцена помеѓу колегите мора да се одржува.

За детално читање на овој текст, погледнете на 10-13 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈУНИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>