Фармацевти
Контакт

<< Назад

Како да се излекува неплодноста и кои испитувања треба да се преземат

јуни 1, 2022



Дијагнозата на неплодноста е половина решение

Д-р Тихомир Златановски
Специјалист по гинекологија и акушерство


Современиот начин на живеење донесе големи проблеми со зачнувањето. Бројот на пациенти е голем и сѐ повеќе се бара помош од стручни гинеколози за остварување на бременоста.

Се смета дека има неплодност ако по 12-18 месеци нормален активен интимен однос, не дојде до зачнување. Постојат два израза за неплодност: стерилитет и инфертилитет. Стерилитетот е невозможно зачнување, а инфертилитетот означува неизносен плод. Бременоста се завршува пред време, поточно со спонтан абор- тус. Стерилитетот може да биде примарен или секундарен.

Примарен е кога никогаш не може да се дојде до бременост, а секундарен е оној ако во периодот од 12 до 18 месеци активен интимен однос не доаѓа до бременост или пациентката имала рана бременост, која резултирала со спонтан абортус. Стерилитетот треба да се гледа како брачна неплодност, а не како проблем кај едниот партнер.

Фактори на машка неплодност: импотентност од детство, генерациска импотенција, азооспермија, некроспермија, леукоспермија. Женски фактори за неплодност: аномалија на гениталните органи, агензија (вагина), аплазија (матка), инфа- нтилност (овулација на јајчниците).

Еден од дополнителните фактори на проблеми при зачнување се и инфективните болести, бактерија, габични заболувања, вируси, кламидија, мукоплазма. Понатаму, поради механичка природа, затнати канали како последица на воспалителни процеси во абдоминалната празнина, аднекситис, апенди- цитис, ТБЦ. Многу често може да дојде и до хормонален дебаланс или хормонско нарушување и поради тоа може да дојде до ран климакс или синдром ПЦО.

01. Според статистиките, многу често мажите на Балканот не сакаат да одат на уролог и на дополнителни испитувања. Мажите треба да ги направат следниве испитувања за да дојдат до саканата цел: спермо- грам, бактериолошко испитување на спермата, хормонален статус и соодветен уролошки преглед. Со комплетните испитувања се доаѓа до решение со соодветна терапија во зависност од настанатиот проблем.

02. Кај жената најбитно е да се направат редовни гинеколошки прегледи, вагинален брис, брисеви за присуство на бактерии, мукоплазма, кламидија, вируси, колпоскопија, ПАП, ултразвучен вагинален преглед. Но, не заборавајте дека најдобро време за прегледи е по менструалниот циклус.

Врз основа на овие испитувања и анализи може да се постави правилна дијагноза.
Во зависност од тоа се преземаат одредени терапевтски интервенции:

Искуството покажало дека во 25% од браковите бременоста настанува во првиот месец од бракот, а во 90% од браковите доаѓа до бременост во рок од една година. Во 90% од испитаните бракови може да се постави правилна дијагноза и успешно лекување.

 

За детално читање на овој текст, погледнете на 16-17 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јуни 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>