Фармацевти
Контакт

<< Назад

Како до мирен сон за бебињата и мајките

јуни 1, 2022


Д-р Ирена Вељковиќ


Кај младото доенче најчестата причина за вознемиреност и плач се инфантилните колики кои се јавуваат при крајот на првиот месец од животот и траат вообичаено до крајот на четвртиот месец.

Коликите се манифестираат како интензивен плач неколку часа во текот на денот, најчесто во ист период од денот, и тоа навечер. Инфантилните колики се јавуваат подеднакво кај деца на мајчино или адаптирано млеко, а децата и покрај коликите најнормално напредуваат во својот раст и развој.

Понекогаш покрај коликите причина за интензивен плач на детето може да биде и негова глад што се компензира со дохрана со адаптирана формула кога е детето на мајчино млеко или со зголемен внес на адаптирано млеко кај деца кои се само на вештачка исхрана.
Во секој случај главна причина е создавањето на гасови во дигестивниот систем,кои предизвикуваат грчеви, тие доведуваат до плачење и доста непроспиени ноќи и за доенчето и за мајката. За проблемот со создавањето гасови, најдобро е да се размислува уште пред да дојде до него. Затоа, обидете се да ја спречите нивната појава пред да предизвикаат грчеви во стомачето, надуеност и диареа.

Следните совети можат навистина да бидат корисни:
• Движете ги нозете на бебето така што ќе емитирате возење на велосипед. При тоа движењата ќе го размрдаат целото тело, така што ќе го поттикнете испуштањето гасови.
• Држете го бебето в раце, и истовремено нежно масирајте му го стомачето.
• Во текот на јадењето и по него, подигнете го бебето така што ќе поджригне, со што ќе го ослободи воздухот што го голтнало со јадењето.
• Исто така, не претерувајте со соковите. Големите количества сок можат да предизвикаат дуење на стомачето и пролив.
• На долниот дел на стомачето ставете топла облога. На тој начин ќе го поттикнете ослободувањето на гасовите.

Од друга страна пак направени се бројни студии за улогата на пробиотиците во третманот на инфантилните колики – резултатите се покажале одлични и затоа тие се повеќе се препорачуваат за употреба во првите четири месеци од животот на детето. Конкретно, пробиотската култура Lactobacillus reuteri e клинички докажано ефикасна во намалување на грчевите кај доенчињата.

Со употреба на овој пробиотик се намалуваат симптомите на грчеви веќе во првата недела од употребата, а со континуирана употреба во период од четири недели се намалува времетраењето на плачење на помалку од 3 часа дневно. Доаѓа во облик на капки кои се земаат самостојно или се додаваат во ладен пијалок, на пр.: овошен сок или млеко. Се препорачуваат 4 капки, еднаш дневно, независно од оброкот. Треба само да се има во предвид, ако детето зема антибиотик, капките треба да се даваат најрано 3 часови по земањето на антибиотикот.

 

За детално читање на овој текст, погледнете на 24-25 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јуни 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>