Фармацевти
Контакт

<< Назад

Магнезиум како додаток на исхраната

јануари 1, 2022

Д-р Емир Ќамили
спец. по општа и семејна медицина
ПЗУ ВИТАКСИЈА Тетово

|

јан-2022

Магнезиумот е важен минерал што му е потребен на телото за нормално да ги извршува сите активности.

Магнезиумот е еден од седумте есенцијални макроминерали, или минерали кои треба да се внесуваат секојдневно, во релативно високи количества, суштински значи дека е неопходен за живот и нормално функционирање на организмот, но и дека мора да го земаме секој ден за да го зачуваме и подобриме своето  здравје.

Магнезиумот е минерал кој е присутен речиси секаде во природата. Најчесто се наоѓа во комбинација со разни хемиски соединенија, особено со калциумот. Денес експертите сè повеќе предупредуваат на фактот дека живот без магнезиум не би бил можен.

Нашето тело, вообичаено, содржи околу 24 до 30 грама магнезиум. Околу 60 отсто од магнезиумот е содржан во коските, 35 отсто се наоѓа во скелетот и во срцевиот мускул, а остатокот е во црниот дроб, бубрезите и мозокот. Го има и во еритроцитите. Рамнотежата на магнезиумот  во телото ја воспоставуваат цревата и бубрезите.

Магнезиумот се апсорбира во тенките црева и тоа дури до 50 отсто. Тој се апсорбира преку цревата и потоа со помош на крвта се транспортира до клетките и органите, каде што се складира.

Врз неговата апсорпција влијаат растителните влакна, маснотиите, оксалната киселина, калиумот, железото, фосфорот и манганот. Тие ја намалуваат неговата апсорпција, додека, пак, витаминот Д  ја зголемува.

Улогата на магнезиум во човечкото тело

Клетките на човечкото тело се уништуваат ако не е обезбеденo доволнo количeство на магнезиум. Без сомнеж, магнезиумот е многу важен за организмот, бидејќи влијае на активноста на повеќе од 300 ензимски системи, синтеза на протеини, синтеза на нуклеински киселини, вклучен е и во речиси сите процеси во нашето тело. Важен е за поттикнување на невромускулната трансмисија, за минерализацијата на коските и за активноста на паратироидниот хормон. Учествува во создавањето  енергија, во процесот на коагулација и во пренесувањето на гликоза во клетките. Тој учествува и во активирање на ензимите кои се потребни за репликација и за репарација на ДНК.

Потребен е за да ја претвори храната во енергија, за здрави заби и коски, за правилна работа на срцето, за заштита на крвните садови и дејствува превентивно против зголемен крвен притисок. Многу е важен за опуштање на мускулите и за добар сон и ги спречува тегобите како што се хроничен замор, главоболка и мигрена. Најважниот мускул, чија функција зависи од внесот на магнезиум е срцето. Сè повеќе се проучува поврзаноста на недостигот  на магнезиум со неправилната работа и нарушувањата на срцето, развојот на ангина пекторис и многу други појави. Жените имаат голема корист ако редовно внесуваат магнезиум, бидејќи ги чува нивните коски од остеопороза. Многу жени тврдат дека по зголемување на нивото на магнезиум во организмот изгубиле и дел од тежината. Освен тоа, тие се чувствувале поенергично и помалку депресивно. Исто така, и кај мажите магнезиумот дејствува подеднакво делотворно, особено кај проблеми со зголемена простата. Освен што со магнезиум може да се помогне во превенција од инфекции и да се подобри општата здравствена состојба, тој поседува и чудесна способност за подмладување.

Дали внесуваме доволно магнезиум во нашата исхрана?

Одговорот, за жал, е не. Благодарение на индустријализацијата во изминатите 100 години, како и големата употреба на пестициди и ѓубрива базирани на фосфати, магнезиумот е сè помалку присутен во почвата, и следствено и во растенијата кои се негов главен извор. Се проценува дека повеќе од 60 % од населението има повеќе или помалку недостиг од внесување на овој минерал.

Исто така, начинот на подготовка  има големо влијание врз количината на магнезиум во храната. Премногу термички обработените и замрзнатите производи се посиромашни со овој важен минерал во споредба со свежите и соодветно приготвените производи.

Најдобри извори на магнезиум

Зелен лиснат зеленчук, интегрални житни растенија (полнозрнеста храна), мешунки, семиња, јаткасти плодови, овошје. Како најбогати извори се вбројуваат: семки од тиква, бадеми, лешници, какао, овес, лен, сончоглед, чиа, бразилски ореви, сусам, кикиритки, ореви, кафеав ориз, соја, леќа, спанаќ, домат, суво грозје, сливи, авокадо, банани, компири и риба (туна).

Препорачана дневна доза, односно дневни потреби на организмот за магнезиум

Препораките за внес на овој минерал изнесуваат од 300 до 400 мг дневно.

Дефицит на магнезиум

Кога немаме доволно магнезиум во телото, првите симптоми се вознемиреност, синдром на немирни нозе и грчеви, несоница и проблеми со спиењето, хроничен замор и умор, па дури и нарушен срцев ритам и низок крвен притисок.

Недостигот  на магнезиум во организмот најдобро може да се надополни со земање  додатоци на исхраната што содржат магнезиум.

Магнетранс е додаток на исхрана кој содржи 375 мг магнезиум кој потполно ги задоволува дневните потреби за магнезиум според регулативата за информации за храната.

Предности на Магнетранс: директна употреба без растворање со течности, брзо се ратвора во уста, без шеќер, вкус на лимон и грејпфрут.

Земање на  додатоци на исхраната  кои содржат  магнезим е особено важно кај состојби каде што секојдневниот внес на магнезиум е неопходен како: редовни понапорни физички активности (пред спиење или за време на вежбите), алкохолизам, користење одредени лекови (тетрациклини, хинолонски антибиотици, диуретици, инхибитори на протонска пумпа), пациенти со гастроинтестинални заболувања, пациенти со дијабетес тип 2, постари лица, бремени жени, деца во развој и лица под континуиран стрес.

Кај овие состојби освен храна богата со магнезиум потребно е земање  додатоци на исхраната кои содржат   магнезиум за балансирање на рамнотежа на овој минерал.

Дополнителен совет: Додатоците на исхрана не  се замена за балансирана храна. Важно е да се држите до разновидна храна и здрав начин на живот.

За правилен внес на додатоци на исхрана, дозата и времетраењето на терапија не двоумете се да го консултирате вашиот лекар секогаш кога е потребно.

За детално читање на овој текст, погледнете на 14-15 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈАНУАРИ 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>