Фармацевти
Контакт

<< Назад

Моќта на автогениот тренинг

септември 2, 2020

|

проф. д-р Слаѓана Ангелкоска
психолог



И покрај сите успеси и достигнувања на медицината бројот на заболени и натаму расте. Од прилика две третини од сите болести имаат психолошка заднина или нив ги предизвикуваат психолошки фактори. Но, сето тоа е последица на брзото животно темпо, сè поголемото душевно оптоварување, од една страна, и сè послабата телесна активност, од друга страна.

Модерниот живот го зголемува нивото на стрес кај луѓето, тие  си земаат непотребен обврски кои им штетат и им оставаат последици по нивното здравје. На овој начин тие влегуваат во еден маѓепсан  круг од кој не може да излезат ниту со најдобрите лекови, без разлика дали станува збор за нервоза, проблеми со желудник, покачен  крвен притисок,  односно болестите на модерното време.

Автогениот тренинг се нуди како идеален метод кој помага на „погрешно конструираниот“ човек да се приспособи на новата епоха. Многу луѓе имаат нејасна претстава за тоа што претставува автогениот тренинг, во него гледаат волшепство или магија. Многу малку е познато дека овде се работи за научен метод со помош на кој вниманието се насочува на телото. Тоа е метод со кој  психичкото и физичкото сочинуваат една целина. Човекот управува со својата психа.

Автоген тренинг е техника на длабоко опуштање која го унапредува телесното и психичкото здравје, ослободува од штетните последици на стресот и го подобрува квалитетот на живот. Овој  вид на тренинг научно е докажан како техника за релаксација и самопомош, а е инспириран од хипнозата, односно состојба на зголемена сугестибилност и метод на манипулација со сугестија.



Автоген тренин е техника на самопомош  развиена од Јоханес Хајнрих Шулц на  почетокот на 20 век. Она што е посебно корисно и важно кај автогениот тренинг, но и кај сличните методи на опуштање, е фактот  што со текот на самиот тренинг ќе научите и сами да ги правите  овие вежби. Тоа е многу важно за понатамошен напредок и работа на себе, бидејќи редовно ќе можете да ги применувате техниките на автоген тренинг за да ја подобрите својата психофизичка состојба.

Автогениот тренинг првенствено помага да го вратите внатрешниот мир кој константно се нарушува со секојдневните стресови. Зголемувањето на отпорноста на стрес е една од примарните цели која се постигнува со континуирано вежбање и тренинг.

Сите техники, методи и вежби на личноста ѝ ја враќаат рамнотежата на организмот и стабилното чувство на самоконтрола. Главната цел е разбирање на поврзаноста на телото и психата.

Многу од денешните болести и стресови имаат големо влијание на психичката состојба на поединецот, токму тоа покажува на важноста на воспоставување  психичката стабилност.

Автогениот тренинг не е наменет само за луѓето кои  имаат одредени проблеми со стресните ситуации или пореметување на психолошкото функционирање. Со оглед на тоа што не постои личност која не се соочува со стрес, автогениот тренинг може да биде корисен за сите кои се грижат за своето ментално здравје.

Постојат безброј позитивни придонеси на автогениот тренинг, а  некои од нив   се:

Автогениот тренинг првенствено се користи во лекување  напнатост, паника, страв, анксиозност, стрес и психосоматски заболувања. Техниките на авторелаксација ги користат здрави луѓе за подобрување на концентрацијата, релаксација, креативност, имагинација, кондиција и подготвеност  за работа.     Посебно се препорачува на професионални спортисти.

Кому е наменет автогениот тренинг?

Автогениот тренинг е наменет за сите кои  се грижат за своето ментално здравје, сите психички стабилни личности кои се изложени на стресни ситуации во секојдневието: спортисти, студенти, доктори, научници, полицајци, домаќинки...

Како делува?

Автогениот тренинг се состои од 7 основни вежби со помош на кои се постигнува состојба на потполна телесна и психичка опуштеност. Целта е  постепено да се постигне ефектот на опуштање на целото тело и да се има контрола над своето тело.

За детално читање на овој текст, погледнете на 24-25 стр. во електронското издание на BETTY магазин (СЕПТЕМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>