Фармацевти
Контакт

<< Назад

Најпогодна храна за намалување и превенција на целулитот

јули 1, 2021

Кристина Ѓорѓева
Дипл. Фармацевт
Аптека Вивалек, Скопје

|

• Ленено семе – одлична храна за здравјето на кожата и за намалување на килограмите. Лененото семе помага и за нормализирање на естрогенот и подобра продукција на колаген.

• Храна која помага за хидратација – дехидратацијата може да води до сува и ранлива кожа, затоа обидете се да јадете повеќе свежа храна која е богата со вода – особено лубеница, диња, бобинки, краставици, целер, цитруси ,  лиснат зеленчук итн.

• Храна богата со растителни влакна – свежа храна (овошје и зеленчук), јаткасти плодови, семиња итн. Растителните влакна помагаат за чистење на дебелото црево, нè заситуваат, помагаат за подобар метаболизам и хормонски баланс.

Дополнително, ваквата храна содржи низа антиоксидативни компоненти кои ја штитат кожата од слободните радикали, односно од оксидативни оштетувања (стареење).

• Здрава протеинска храна – протеини од јатки, мешунки, семиња и риба.

• Храна богата со калиум – отстранувањето на вишокот течности од клетките помага за намалување на целулитот.

• Храна богата со здрави маснотии – масните киселини се значајни и за здравјето на кожата.

-          Избегнувајте ја газираната вода и пијте обична. Јадете што повеќе овошје кое содржи доста течности како лубеница или манго.

-          Лукот е одличен сојузник во борбата против целулитот, бидејќи го забрзува метаболизмот и ги намалува масните наслаги, а на тој начин влијае и на намалување на целулитот.

-          Во вашата исхрана додајте го и ѓумбирот. Тој ќе ве ослободи од вишокот течности насобрани во вашето тело. Ја подобрува циркулацијата, а тоа значи и помалку целулит. Исто така, и рузмаринот има слични ефекти како и ѓумбирот, па што почесто пијте чај од ова растение.

-          Намалете ги жолчките во исхраната и дајте им предност на белките, доколку сакате помалку целулит. Сепак, доколку ги јадете, тоа нека биде исклучиво за појадок, никако за вечера или ручек.

-          Во борбата со целулитот, исто така, помагаат и кељот и брокулата кои се богати со хранливи материи што  помагаат за создавање  колаген и подобра апсорбција на калциумот, кои  се од клучна важност доколку сакате тело без целулит.

-          Стресот може да доведе до целулит – вистина!

Иако можеби изгледа чудно, како стресот може да доведе до целулит, но едно истражување на Европската академија за дерматологија дава податоци според кои е јасно дека целулитот може да биде предизвикан од зголемените нивоа на катехоламини, поради стресот, односно поради високиот кортизол.

Дополнително, неконтролираниот стрес води и кон зголемена телесна тежина, уште еден ризик-фактор за целулит, но и кон намалена продукција на колаген, протеин кој е клучен за здравјето или младиот изглед на кожата.

Помош од природата во борбата со овој непријател број 1 на женската популација



КАФЕ

Интересно е дека кафето како пијалак треба да се избегнува, додека како ексфолирачка состојка е одлично за отстранување на целулитот.

Целулитот може да се намали со помош на талог од кафе, кој дејствува како пилинг, тоник и засилувач на циркулацијата за оние делови од нашето тело погодени од појава на кора од портокал.

Кофеинот во талогот од кафе многу жени го сметаат за магична состојка која ве ослободува од целулитот. Сепак, не очекувајте дека целулитот ќе исчезне од првиот пакет со мелено кафе и ќе добиете цврста кожа.

Тајната на талогот од кафе како третман за целулит лежи во редовната употреба.

Повеќето антицелулитни креми користат кофеин поради неговата способност да ги контрахира крвните садови, што резултира со подобра циркулација на крвта и видлива промена во изгледот на кожата. Водата повеќе нема да се задржува како вишок, а функцијата за одводнување ќе ги ослободи клетките и ќе ги намали.

Кофеинот , исто така, е богат со антиоксиданти кои ја стимулираат детоксикацијата на организмот.

Резултатот е сјајна кожа, поцврста и помазна, кадифена и еластична.

КАКО ДЕЈСТВУВА ТРЕТМАНОТ СО КОФЕИН ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТ

Треба да соберете околу една четвртина или половина сад со талог од кафе. Додајте  околу две лажички екстра девствено маслиново масло и измешајте ги двете состојки. Ако смесата не е жешка, загрејте ја  10 секунди во микробранова печка.

Седнете во када, со  сунѓер за капење  масирајте ја смесата  од кафе и  масло со кружни движења на погодените области или дури и на целото тело. Инсистирајте на бутовите и задникот. Оставете што повеќе нечистотија на погодените области. Користете проѕирна фолија за да се завиткате  што е можно поцврсто околу областите зафатени со  целулит. Откако ќе дејствува околу 10 минути, извадете ја фолијата и исплакнете со топла вода.

Крем со кафе и кокосово масло

Сите состојки  добро се мешаат. Пилингот се нанесува со лесни масажни движења на влажна кожа. Потоа покријте ја кожата со проѕирна фолија и оставете состојките да дејствуваат  половина час. Исплакнете со вода и нанесете хидратантен лосион.

Пилинг со кафе и маслиново масло/етерично масло

Едни од најдобрите етерични масла за намалување на целулитот се маслото од грејпфрут, портокал и мандарина. Комбинирајте неколку капки масло по ваш избор со талог од кафе или свежо мелено кафе. Додајте толку масло колку да се добие густа паста.
Нанесете  врз кожата и масирајте неколку секунди. Потоа покријте ја кожата со проѕирна фолија и оставете состојките да дејствуваат 30 минути.



ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ

Се смета дека и јаболковиот оцет може да помогне во разградувањето на целулитот:



ЃУМБИР

Ѓумбирот е една од ретките намирници која најчесто се користи поради нејзините  лековити, а не кулинарски својства.

Во Античка Грција и Римската Империја се верувало дека ѓумбирот не само што може да лекува болести, туку е и одличен противотров.

Коренот на ова растение ги има следниве ефекти врз човечката кожа: поради присуството на околу 40 антиоксиданти во неговиот состав го неутрализира дејството на слободните радикали и помага во борбата против предвремено стареење; ги подобрува метаболитичките процеси, ја активира елиминацијата на токсините, давајќи ѝ на кожата здрав изглед; есенцијалните масла ја стимулираат циркулацијата на крвта, која ја храни кожата со кислород, корисни материи и ја зголемува нејзината еластичност; ги намалува стриите и ја подобрува еластичноста на кожата; отстранува вишок вода од клетките, затегнување на кожата и намалување на видливоста на целулитот.

БОРБА ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТОТ СО ЃУМБИР

Антицелулитниот ефект на коренот се должи на неговиот состав, кој придонесува за брзо загревање, зголемена циркулација на крвта, подобрување на метаболизмот и тонирање на проблематичните области на телото. Ѓумбирот се користи за масажа  и завиткување на телото.

 МАСАЖА СО ЃУМБИР

За масажа се   мешаат 2-3 супени лажички ѓумбир во прав со природно растително масло. Подобро е да се користи ладно цедено екстра девствено маслиново масло. Следно, смесата се нанесува на проблематичните области, кои нежно се масираат 7-10 минути. Со премногу активна или продолжена масажа може да се појави силно чувство на печење. Во овој случај, веднаш измијте го производот од кожата и темелно измијте ги рацете.

Важно – масажата се изведува не повеќе од еднаш неделно!

ЃУМБИР ОБВИВКА

Обвивките или „врапинг“ со ѓумбир, исто така, се засноваат на својствата на растението за подобрување на циркулацијата на крвта, отстранување на вишокот течности, интензивно согорување на маснотиите и затегнување на кожата. Така, можеме да кажеме дека оваа постапка има ефект на подигање и антистареење.

За да ја подготвите, измешајте го растителниот прав со  глина во еднакви количини и разредете ја смесата со минерална вода. Нанесете на проблематичните области со целулит и оставете 10-30 минути. Потоа, измијте ја маската со ладна вода и нанесете хидратантно средство на телото.

МЕЛЕМ ЗА СЛАБЕЕЊЕ ОД ЃУМБИР

РЕЦЕПТ ЗА ГОТВЕЊЕ

Постојат неколку основни рецепти за мелем од ѓумбир за слабеење:

Важно

Ако на кожата се појави силно чувство на печење при употреба на чистач со сечкан свеж ѓумбир, можете да го замените со корен во форма на сув прашок.

Мелемите на база на ѓумбир се користат не повеќе од 2 пати неделно.

ЧАЈ ОД ЃУМБИР

Со рендање на едно мало парче корен од ѓумбир се добива ефикасен чај против целулит. Но,  ѓумбирот има мошне остро лут специфичен вкус, затоа денес во чаевите се користат аромати за прикривање на вкусот, со кои тој би бил поприфатлив.

За детално читање на овој текст, погледнете на 8-9 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈУЛИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>