Фармацевти
Контакт

<< Назад

На некои луѓе им требаат дури 9 години за да разговараат со здравствен работник за нивната борба со телесната тежина

јули 1, 2022

Волја или биологија: Кој управува?

За да ослабете ќе треба да јадете помалку и да се движите повеќе. Но многу аспекти од нашиот избор на храна и физичка активност се одредени од сложен биолошки систем што е надвор од нашата волја.

Секој ден носиме стотици одлуки, големи и мали. Многу од нив се добри, но понекогаш подоцна сфаќаме дека сме донесле погрешна одлука, дури и во моментот кога ја носиме одлуката.

Ова често се случува кога станува збор за нашиот однос кон храната. Се обвинуваме себеси дека не сме ја донесле вистинската одлука за да ја постигнеме нашата целна телесна тежина. Се обидуваме да јадеме помалку и да се движиме повеќе, но не успеваме во тоа секогаш.

Но што ако имаме многу помалку слободна волја отколку што мислиме?

Мислење брзо и бавно

Можеме да му се заблагодариме на бихевиоралниот економист Даниел Канеман кој ни помага да разбереме дека имаме помалку свесна контрола над донесувањето одлуки отколку што мислиме дека имаме. Всушност, ние донесуваме многу одлуки без да сме свесни за тоа.

Тој ова го нарекува Систем 1 на размислување, којшто е брз, интуитивен и несвесен, како што е одбирање блуза од плакар или врзување врвки на чевлите.

Системот 2 функционира поинаку. Да речеме дека имате важен состанок. Може да потрошите многу време во пробување различна облека и бaрање совет од вашите пријатели. Ова е Систем 2 на размислување – бавен и промислен.

Систем 1 и Систем 2 во регулирање на телесната тежина

Како функционираат Систем 1 и Систем 2 кога се во прашање регулацијата на телесната тежина и апетитот?

Многу луѓе долго и напорно размислуваат за нивната целна тежина и за храната што сакаат да ја јадат. Ова може да значи дека се на диета или се трудат да не земаат дополнителна порција. Тоа е она што повеќето луѓе го сметаат за волја. Волјата функционира под влијание на Системот 2.

Меѓутоа, држењето до целите во врска со храната и телесната тежина е отежнато поради влијанието на Системот 1. Тие влијанија се регулирани од правилата на играта за преживување којашто повеќе не е релевантна. Правилата за преживување му даваат предност на земањето високоенергетска храна и силно нè штитат од намалување на телесната тежина.

Работете на вашата биологија

Науката докажала дека ако сакаме да ослабеме и да ја одржиме телесна тежина, волјата не е единствениот фактор што има влијание. Всушност, таа има многу помала улога кога станува збор за регулирање на телесната тежина отколку што ние мислиме.

Телесната тежина ја контролираат многу процеси и некои од нив се надвор од нашата свесност. Поради тоа, комбинација од различни терапии и пристапи кои вклучуваат повеќе механизми веројатно е и најефикасен начин за справување со дебелината според група истражувачи од Државниот универзитет во Луизијана.

За среќа, не мора да се справувате сами со ова. Закажувањето преглед кај обучен здравствен работник за ваш личен план за третман претставува важен прв чекор во справувањето со предизвикот и поттикнувањето на вашата биологија да дејствува во ваша корист.



За детално читање на овој текст, погледнете на 08-09 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јули 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>