Фармацевти
Контакт

<< Назад

Неволно мокрење – енуреза

март 1, 2021

д-р Јасна Јермилова
педијатар
ПЗУ МЕДИКА МИМ

|



Енуреза или неволно мокрење се дефинира како недостаток на контрола на мокрење кај дете доволно големо да го контролира празнењето на мочниот меур. Во зависност од тоа во кој период од едно деноноќие се јавува енурезата се карактеризира како ноќна или дневна енуреза. Контролата на празнење на мочниот меур кај едно дете вообичаено се воспоставува на возраст од две и пол години, но може да биде и одложена, а да не е абнормална.

Најчеста причина  за дневната енуреза е од психолошка природа. Вообичаени фактори за активирање се, на пример, раѓање на брат или сестра, почеток на одење во градинка, недоразбирања во семејството, развод на родителите или некоја траума. Освен психолошката природа, енурезата се јавува и како последица на органска причина, како што е невролошка дисфукнкција на мочниот меур, нередовно или отежнато празнење на цревата (констипација) спинална аномалија или некоја вродена аномалија на уринарниот тракт, како и присуство на инфекција.

Ноќната енуреза популарна како „мокрење во кревет“  е неконтролирано празнење на мочниот меур во тек на сон, при што детето не е свесно за својата постапка. Многу е почеста кај момчињата и може да биде комбинирана со дневна енуреза. Се карактеризира како примарна, што значи дека детето никогаш немало воспоставено контрола врз празнењето на мочниот меур.

Секундарната енуреза се јавува кај деца кои претходно не мокреле во кревет најмалку 6 месеци, па од некоја причина повторно се јавил рецидив на ноќно мокрење.

Причини има многу, најчесто од психолошки карактер, но секогаш треба да се мисли и на органска природа на енурезата. Детето станува свесно кога треба да го испразни мочниот меур на возраст од две до три години, а добра дневна контрола се воспоставува до четвртата година (кај девојчињата и порано). Но, кај некои момчиња може инцидентно да се случи ноќно мокрење и по четвртата година.



Постојат повеќе причини за појава на ноќна енуреза, една од нив е кога телото не праќа вистински сигнали. Имено, телото природно лачи материја вазопресин кој дејствува на бубрезите и им „кажува“ да го намалат лачењето на урина во текот на ноќта. Ако нема доволно лачење на вазопресин, таа порака не стигнува до бубрезите, мочниот меур се преполнува во текот на ноќта и неконтролирано се празни додека детето спие. Друга причина е намалениот функционален меур капацитет на мочниот меур во текот на ноќта. Сите луѓе се разликуваат по прагот на надразливост потребен да се разбудат од сон.  Децата со тврд сон послабо реагирааат на сигналот за преполн мочен меур, при што не се будат за да го  испразнат. Оваа состојба често е комбинирана со дисфункција на вазопресинот. Не е ретка и наследната причина за појава на ноќна енуреза.

Едни од советите кои ги препорачуваме се: Обидете се да ги промените навиките за пиење течности кај детето при крајот на денот. Детето треба да пие доволно течности во текот на денот, а притоа да се одбегне давање  течности пред спиење. Да се избегнуваат газирани пијалаци. Режимот на исхрана да се промени доколку детето има често тврд измет. Давајте храна богата со растителни влакна, свежо овошје и зеленчук, интегрален леб. Обидете се преку систем на наградување да го поттикнете детето на подобра контрола врз мокрењето. Секогаш водете сметка детето да се измокри пред спиење или будете го во текот на ноќта во исто време. Иако постои мислење дека овој проблем поминува со развојот на детето, никогаш не треба целосно да се игнорира и доколку не се третира адекватно може негативно да влијае врз неговиот развој и самопочит. Постојат ефективни брзи и сигурни начини на лекување. Наједноставно, употреба на витамини од Б-групата како сируп Б-комплекс се покажала како добар инструмент во справување со овој проблем, особено кај психогената причина. Како и да е, доколку вашето дете има проблем со неволно мокрење секогаш посоветувајте се со педијатар.

За детално читање на овој текст, погледнете на 6-7 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАРТ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>