Фармацевти
Контакт

<< Назад

Нега со сапун

декември 1, 2020

Љубица Јакимовска
Дипл. Фармацевт
ПЗУ АПТЕКА КАМИЛИЦА - КУМАНОВО

|



Негувањето и разубавувањето како и примената на козметичките препарати се стари колку и човештвото. Многу пишани дела на хиероглифи и резби на старите египетски народи сведочат за првите почетоци на козметологијата. Старите цивилизации кои живееле и работеле во долината на реката Нил ја почувствувале потребата за заштита на својата кожа од силното сонце. Кожата почнале да ја премачкуваат со масло од рицинус кои го добивале од цедење на рицинусови семки. Жените од Месопотамија уште од пред 3500 години ги цртале своите очи со црна боја подготвена од оловна руда – малахит и антимон.

Кожата е најголем орган на човечкото тело со површина од околу 1,7 м2. Таа е составена од три слоја: епидермис, дермис и хиподермис.
Чистотата и убавината на кожата треба да бидат на прво место, а со тоа и производите за одржување на хигиена, т.е. средствата за чистење мора да имаат благо дејство, соодветна pH вредност и компоненти кои овозможуваат нејзина добра хидратација.

Еден од најстарите производи за чистење се сапуните. Сапуните биле познати многу одамна уште од пред новата ера, но дури во римскиот период почнува да се користи изразот SAPO за производ добиен од лој на коза и пепел од буково дрво.

Сапуните претставуваат соли на виши масни киселини. Наменети се за надворешна употреба, а се користат и како подлога за изработка на специфични препарати. Сапуните најчесто се добиваат со две постапки:

– директна сапунификација на мастите, при што глицеролот останува во сапунот

– сапунификација на чисти масни киселини.

За изработка на сапуни се користат разни масни суровини, масни масла, масти, слободни масни киселини, лој, маслиново и кокосово масло.

Една од состојките кои влегуваат во изработка на сапуните, секако, е и какаовото масло кое се добива со цедење на сомеленото семе на растението Тheobroma kakao. Маслото се добива со топло цедење на семето и се состои од триглицериди, олеинска, стеаринска и палминска киселина, па овие незаситени масни киселини се користат за изработка на сапуни, супозитории и масни креми и се од суштинско значење во нивниот состав.

Состојка која ја вклучуваме во изработка на сапуните се и маслата од бадем  lat.Prunus amygdalus, кои содржат олеинска и линолна киселина и мали количини на стеаринска киселина и претставуваат одлични емолиенси со хранлив и регенетативен ефект, благопријатни за кожата, косата маслата за масирање.

Козјото млеко во козметичката индустрија се користи поради витамините A, Б, Б12, Е и К, како и минералите Ca, P, Fe, омега 3 и омега 6 масни киселини и благодарение на нив ја храни кожата, ја прави витална и еластична.

pH вредноста на козјото млеко е најблискa со pH на кожата на човекот, па поради ова таквите сапуни кои содржат козјо млеко се користат при нега на иритирана кожа и кожа која е често изложена на ветар и сонце.

Сите овие состојки кои учествуваат во хемиската реакција на сапунификација ни овозможуваат да создаваме сапуни со различен состав кои се како мали волшепства со разни бои и мириси.

За детално читање на овој текст, погледнете на 8 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ДЕКЕМВРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>