Фармацевти
Контакт

<< Назад

Не ја одложувајте посетата на логопед

март 1, 2020

|

клинички логопед специјалист Љупка Костовска
ЛОГОПЕДСКИ ЦЕНТАР „ЧИРИБУ ЧИРИБА“
(здружение за рана стимулација, развој, третман и рехабилитација на говор)



Доаѓањето на бебето како нов член е најголема радост во едно семејство. Првото зборче, пак, е настан кој сите го паметат и го прераскажуваат. Ден поден – гласови, слогови, зборови се редат. Но, дали говорно-јазичниот развој тече уредно?

Загрижени сте за говорот на вашето дете? Тешко изговара одредени гласови? Неправилно, испревртено ги изговара зборовите?  Зборува „бебешки“? Говорот на детето е неразбирлив?

Доколку одговорот на некои од овие прашања е ДА или МОЖЕБИ, побарајте совет од логопед!

ТОПЛО ВИ ПРЕПОРАЧУВАМ - РОДИТЕЛИ СЛЕДЕТЕ ЈА РАЗВОЈНАТА ЛИНИЈА НА ГЛАСОВИТЕ НА ВАШЕТО ДЕТЕ!!!

Според направените истражувања кај  67 %  од децата на возраст од 5 до 6  години најчесто говорно нарушување  е дислалија. Негова битна карактеристика е  неправилна артикулација (изговор) на гласовите во облик на омисија (изоставување или нечујна реализација на еден или повеќе гласови), супституција (замена на еден или повеќе гласови со други гласови )и  дисторзија (неправилен, искривен изговор на еден или повеќе гласови).



Како да препознаеме отстапување во изговорот на гласовите кај детето?

Кога детето е сè уште  мало, можеби симпатично ни звучи кога наместо риба изговара иба - виба- јиба- либа... Но, треба да се запрашате до која возраст ваквото говорење е  интересно и симпатично...?

За да согледаме дали постои одредено отстапување во изговорот на гласовите кај детето, неопходно е да ја познаваме развојната линија на гласовите во однос на хронолошката возраст. Развојот на гласовите е условен од биолошко-психолошко созревање на детето и тоа првенствено од созревањето на неговиот централен нервен систем.

Развојна линија на гласовите

И Е А О У П Б Т Д К Г М Н Ф В Х Л Ј – очекуваме на возраст  од 2 до 3 и пол години

С З Ц Ѕ Ќ Ѓ Љ Њ  – очекуваме на возраст  од 4 до 4 и пол  години

Ш Ж Ч Џ Р  –очекуваме на возраст  од 5 до 5 и пол  години



Детето на возраст од 5  и пол години треба правилно да ги изговара сите гласови!

Најчести фонолошки – артикулаторни нарушувања/отстапувања кои се јавуваат кај децата од преучилишна возраст се: ротацизам, ламбдацизам, капацизам, гамацизам,  сигматизам, тетизам.                                               

Причините за појава на овие артикулаторни отстапувања можат да бидат поделени во две категории:

Дали проблемот може сам да се реши?

Иако артикулационите нарушувања се најчест говорен проблем кај децата, на нив родителите обично помалку обрнуваат внимание. Повеќето чекаат да помине време надевајќи се дека како што расте детето така ќе ги совлада сите гласови.

Децата кои имаат неправилна артикулација немаат само намален број на гласови, туку имаат и намалени способности да можат да ги користат овие гласови во говорот. Говорот кој е неразбирлив и неправилен е потребно  да биде логопедски третиран.

Кога е вистинско време за посета на логопед?

На возраст од 3 и пол  до 4-годишна возраст  советувам превентивен преглед  кај логопед, кој ќе направи  дијагностика и проценка на говорно-јазичниот развој на вшето дете и ќе ви посочи во кој правец се развива говорот на вашето дете. Некои потешкотии можат да се спречат или да се ублажат доколку  се реагира адекватно и благовремено.

Зошто е важно да дојдете на време?

Често пати родителите ја одложуваат посетата на логопед, не разбирајќи колку е значајно да се дојде на време. Неправилниот изговор многу брзо станува лоша навика која тешко се коригира доколку долго се практикува.

Доколку говорно-јазичните потешкотии не се отстранат или не се ублажат навреме можат да доведат до психолошки, социјални, но и едукативни проблеми. Затоа се настојува, говорот и изговорот да се комплетни пред поаѓање на училиште, бидејќи детето може да се соочи со потешкотии во усвојување на читање и пишување.                                          

Успехот и времетраењето  на логопедскиот третман зависат од повеќе фактори:

Кога е во прашање говорно-јазичниот развој, секое чекање е потенцијално губење  време кое нема да се врати и кое тешко се надоместува.

Не ја одложувајте посетата на  логопед!!!

За детално читање на овој текст, погледнете на 22-23 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАРТ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>