Фармацевти
Контакт

<< Назад

Новитетите на Викторија Лоба во нејзиниот приватен и професионален живот

декември 1, 2022



Betty: Како ги одржувате убавината и витата става, речиси и да не сте променети во изгледот од самото појавување на естрадата?!
Викторија: Благодарам за овој комплимент! Сè е до навиките и во мојот случај здравите навики што ги имам стекнато со текот на годините. Морам да признам дека сега сум многу поинформирана во однос на здравата исхрана во споредба пред десетина години. И самото мое тело некако интуитивно избира што му одговара, а што не во исхраната, така и престанав со јадење месо веќе 5-6 години и навистина чувствувам позитивна промена. Друга причина која според мене придонесува за убав и здрав изглед се убавите емоции и, секако, хуморот.

Betty: Дали бевте задоволни од настапот на „Макфест“, како и со која песна настапивте?
Викторија: Да, навистина сум задоволна. Настапив со нова песна, „Само за нас“, музиката е на Ана Пандевска, а текстот го напишав јас. „Само за нас” буквално е песна што ја опишува мојата моментна состојба, песна за радоста, љубовта!

Betty: Како е да се биде во брак, дали има разлика претходно и сега?
Викторија: Доста често ми го поставуваат ова прашање. Постои разлика и тоа е убава разлика, која уште повеќе зближува иако не е ништо особено променето, сепак, по толку убави моменти, како венчавката, срцето се разнежнува. Во брак веќе сè има заедничка цел или патека, би рекла, и тоа е она што ја прави разликата.

Betty: Каде често најмногу сакате да патувате?
Викторија: Сакам да патувам во секое слободно време, така и се обидувам да ги организирам обврските за да можам да имам простор да тркнам барем до Охрид и да уживам во глетката на езерото. Патувањата ме полнат со нови убави искуства и навистина со Ѓорѓи сме авантуристи во тој поглед.

Betty: Дали имате во најава нов албум?
Викторија: Пополека се редат нови песни и, секако, албум, но јас се концентрирам на песните како посебен проект и сакам на секоја да ѝ го дадам должното внимание. Албумот природно си доаѓа.

Betty: Како се грижите за Вашето здравје и дали пиете одредени суплементи?
Викторија: Пијам суплементи по потреба. Знам да направам крвна слика и да се консултирам со доктор или нутриционист за тоа дали нешто ми недостига. Обично немам посебна потреба од одредени суплементи. Одвреме-навреме пијам витамин Б12 зашто не јадам месо и исто така го сакам колагенот, кој ми го подобрува квалитетот на кожата. А сè друго може да се добие и преку квалитетна исхрана и земање на таканаречената супер храна, како чиа-семе, бразилски ореви, ленено семе, хелда, кокосово масло и слично.

За детално читање на овој текст, погледнете на 10-12 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Декември 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>