Фармацевти
Контакт

<< Назад

Периорален дерматитис

февруари 1, 2022

д-р Лидија Петровска
спец. дерматовенеролог
Клиничка болница, Штип

|

фев-2022

Периоралниот дерматитис  е хронична папулопустуларна дерматоза на лицето. Најчесто се јавува кај жени и деца. Клиничките и хистолошките карактеристики на лезиите на периоралниот дерматитис наликуваат на оние на розацеа. На пациентите им е потребен системски и/или локален третман и соодветна евалуација на можните етиолошки фактори.

Кожните промени најчесто се со центрофацијален распоред, особено периорално, при што на еритемна, лесно десквамирачка основа, локализирана периорално или назолабијално се јавуваат папули или папулопустули. Значаен дијагностички критериум е тоа што тесниот раб околу усните останува слободен. Подоцна може да се јават промени и на други делови од лицето, особено на брадата, очните капаци, челото, образите, па дури и зад ушните школки и бочно на вратот. Целата состојба е проследена  со субјективно чувство на напнатост, печење, ретко чешање.

                  Периоралниот дерматитис може да биде предизвикан од:

Најчестите компликации на периоралниот дерматитис настануваат при третман со локални кортикостероиди, особено флуорирани. На почетокот на третманот состојбата се подобрува, но понатамошната примена доведува до брзо и видливо оштетување на кожата, а наглиот прекин на стероидната терапија доведува до краткотрајно влошување (rebound -  феномен).

Диференцијално дијагностичка дилема може да се јави во однос на розацеа, акни, атопичен и себороичен дерматитис. Дијагнозата се поставува врз основа на изгледот; периоралниот дерматитис се разликува од акните по отсуството на комедони а од розацеата по отсуство на промени околу устата и очите. Треба да се исклучи себороичен и контактен дерматитис. Биопсијата, која обично не е клинички потребна, покажува спонгиоза и лимфохистиоцитен инфилтрат околу влакнениот фоликул. Во лупоидната верзија, можни се грануломи.                   Периоралниот дерматитис и понатаму е тераписки предизвик. Во терапијата е неопходен  индивидуален пристап кој зависи од тежината на клиничката слика и возраста на пациентот, со акцент на подучување на пациентот и постојана психолошка поддршка. Таканаречената „нулта терапија“ е најдобриот пристап во случај на полесни форми на болеста, при што пациентите со периорален дерматитис предизвикан од стероиди бараат посебно внимание во почетниот период на лекување, имајќи предвид дека настанува влошување на знаците и симптомите на болеста предизвикани од нагло прекинување на локални препарати. Локалниот метронидазол, еритромицин и пимекролимус се земаат предвид за третман на умерени форми на болеста, додека оралните тетрациклини се лек на избор во тешки случаи на периорален дерматитис и се администрираат во субанмикробна доза до целосно повлекување на промените на кожата. Системскиот третман со изотретиноин е терапевтски избор кај пациенти кои се отпорни на сите други стандардни форми на третман.                   Лекувањето е секогаш под надзор на лекар, кој препишува терапија. Кај полесните форми на болеста, особено кај пациентите кои треба да се „одморат“ од стероиди Uriage baby периоралната крема покажува одлични  резултати и кај децата и кај возрасните. Комбинацијата на термална вода Uriage и патентираниот комплекс TRL2 ги смирува иритациите, а цинкот и бакарниот глуконат ја намалуваат пролиферацијата на микроорганизмите. Глицеринот и алое вера ја негуваат, ја смируваат и ја обновуваат бариерата на кожата. Се нанесува на претходно исчистена кожа, 2-3 пати во текот на денот. Кај потешките форми, најдобро е да се комбинира со локалните и периоралните хемиотерапевтици.

За детално читање на овој текст, погледнете на 26-27 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ФЕВРУАРИ 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>