Фармацевти
Контакт

<< Назад

Придобивките на сусамот

август 1, 2020

|



Како едно од најмасните семиња, сусамот има широка употреба во готвењето. Тој е важен извор на хранливи состојки, бидејќи е богат со омега 3 масни киселини, железо, калциум, манган, бакар, магнезиум и селен. Покрај тоа, сусамот  содржи и витамин Е, кој се смета за моќен антиоксидант, го штити срцето и го спречува стареењето на клетките. Сусамот, поради неговата богата содржина со железо, помага при анемичност.

Моќните нутритивни вредности на сусамот вклучуваат спречување на појава на карцином, подобрување на здравјето на срцето, намалување на крвниот притисок, градење  силни и цврсти коски и спречување  дијабетес. Сусамот помага и при нарушен сон, варењето на храната и функцијата на респираторниот систем. Помеѓу многубројните придобивки се:  елиминирање на хроничниот стрес, како и депресијата. Зарем не мислите дека го потценуваме сусамот, кој  е потребно  да биде дел од нашата секојдневна храна? Ова се само некои од многуте придобивки на сусамот:

Го намалува ризикот од карцином

Сусамот содржи голема концентрација на фитостерол – соединение кое го намалува нивото на холестерол во крвта, го подобрува имунитетот и го намалува ризикот од појава на одредени видови карцином.

За здрава коса

Сусамот е богат со полифеноли – моќни антиоксиданти кои го враќаат сјајот на косата. Маслото од сусам најчесто се нанесува на скалпот на главата и го намалува ризикот од предвремено белеење на влакното. Поради присуството на витамини и минерали, сусамот го поттикнува и растот на косата.

Го регулира крвниот притисок

Истражувањата за хипертензијата покажале дека благодарение на природните масла кои  ги има во него, сусамот има важна улога во намалување на оптоварувањето на кардиоваскуларниот систем, го контролира крвниот притисок и ги спречува срцевите заболувања.

Ја ублажува болката од артритис

Артритисот е состојба која знае да биде болна и може да се појави во секоја возраст. Благодарение на своите здрави вредности, сусамот дејствува на зглобовите и помага во олеснување на болките и го намалува воспалението во тетивите.

Извор на растителни протеини

3 супени лажици сусам содржат околу 5 грама протеини. За да го зголемите квалитетот на протеините, можете да изберете гранатирано, печено семе од сусам. Протеинот е важен за вашето здравје затоа што игра улога во сè; од мускулите до хормоните. Семето  од сусам е богато со метионин и цистеин. Овие се два вида  аминокиселини кои мешунките не ги обезбедуваат во големи количини.

Брза и освежителна летна салата со сусам

Потребни состојки

Начин на подготовка

Сусамот запржете го во тавче, без додавање  какво било масло. Пржењето нека биде на слаб оган и  треба да заврши откако сусамот ќе порумени. Оставете го на страна да се излади и во меѓувреме подгответе ги останатите состојки.

Ситно исечкајте ги киселите краставички и сирењето, по што  додајте ги киселата павлака и пченката. Претходно испржениот сусам додајте го во сите состојки и оставете го убаво да се излади во фрижидер.

Оваа освежителна салата која се подготвува многу брзо и лесно,  може да ја служите како предјадење, како салата во го голем сад, или, пак, да ја намачкате како намаз.

За детално читање на овој текст, погледнете на 9 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АВГУСТ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>