Фармацевти
Контакт

<< Назад

Свежата храна лекува

јануари 1, 2020

|



Прочистување на телото по празничните гозби

Предновогодишната еуфорија, заедно со многуте празнични трпези придонесуваат во прекумерно количество на храна и алкохол во нашето тело. Не само што јадеме повеќе, туку истовремено внесуваме разновидна храна во телото.

Зад нас остана период на многу слави, семејни вечери и предновогодишни прослави каде големиот дел од храната ја внесувавме во вечерните часови - време кога организмот треба да одмори и да ја преработи храната која била внесена во текот на целиот ден.

Научно докажано е дека човековото здравје дури 90% зависи од храната која се внесува во телото.

Природата е многу мудра бидејќи во одреден период од годината ни ги дава точно оние плодови коишто му се потребни на нашето тело. Токму затоа, секогаш постои безболен начин на отстранување токсини од пренатрупаниот организам.

Свежата храна лекува



Кога велиме прочистување на организмот, најчесто се замислува еден макотрпен процес кој е тежок за издржување. Всушност, постои лесен и безболен начин за прочистување на телото, со што ќе исчезне чувството на отежнатост и надуеност. Свежата храна е онаа која лекува. Секоја термички обработена храна инстантно ги губи сите хранливи материи.

Започнете денес



Клучот на прочистувањето на организмот е честото и редовно мокрење. Чистењето на отровите од телото започнува со предизвикување на мокрењето, што значи дека потребно е да има внес на поголеми количини вода. Со оглед на студеното време, понекогаш тоа може да биде и топол чај, но сепак не може да го завземе местото на водата која претставува главен прочистувач на организмот. Еден од поубавите начини на пиење вода е следниот:

Навечер наполнете бокал вода и оставете ја да отстои на собна температура. Можете да ја зачините со неколку листови свежо нане, неколку зрна каранфил, свежо исецкан ѓумбир, парчиња лимон или пак јаболко. Наредниот ден потрудете се да ја испиете во утринските часови и она што е особено важно е да внимавате до 12 часот на пладне, да бидете само на таа вода и овошје. Можеби мислите дека ќе ви биде многу тешко или пак дека ќе имате несакани дејства како намалено ниво на шеќерот во крвта, но верувајте дека ништо лошо нема да ви се случи. Напротив, доколку ја практикувате оваа навика неколку дена, секој следен ден ќе се чувствувате поенергично. Покрај тоа што ќе придонесете за олеснување во телото, овој начин на чистење ќе му помогне и на вашиот дигестивен тракт. Станува збор за навика која треба постојано да ја практикувате, но доколку не можете, сторете го тоа барем неколку дена по празничните гозби.

По утринскиот ритуал, следува ручекот, кој секогаш треба да биде придружуван со свежа салата. Туршијата и зимницата коишто се присутни на нашите трпези во овој период од годината се исто така корисни, но содржат големото количество на сол. Бидејќи солта нема да ни помогне во детоксикацијата на телото, потребно е да сеисплакнат со вода и да се отсолат. Расолницата е богата со витамин Ц и млечна киселина, сепак ве советувам да ја пиете откако ќе ја разредите со вода.

Во период на детоксикација, препорачливо е ручекот да не содржи месо. Насочете се на леќата, грашокот, боранијата, оризот, па дури и на интергралните тестенини кои што треба да ги конзумирате без придружба на млечни производи како сирење, кашкавал, павлака...

Стремете се вашиот последен оброк да биде до 7 часот после пладне. Потоа доколку чувствувате глад, може да испечете тиква или пак да приготвите пуканки (но не во микробранова печка).

По неколкудневното практикување на овој начин на исхрана, ќе го почувствувате олеснувањето кое што ви е потребно. Ова е идеален период од годината кога треба да ги активираме сите прочистувачи на телото. Верувајте дека телото секогаш дава знаци, но ние ретко ги препознаваме. Еден од алармантните сигнали е јазикот. Доколку вашиот јазик е свежо розева боја, тоа означува здрав организам, но доколку има бел слој на него, тоа значи дека е време да се прочистите. Уште еден многу важен индикатор за здрав организам е редовната столица. Ако имате нередовна столица, вие имате доста загаден организам и на кој му е потребна детоксикација.

Со самото исфрлање на токсините, ќе имате балансирано и здраво тело со засилен имунитет – наш заштитник во овој период од годината.

Ништо не е суштински тешко, тешко е да се променат навиките.

За детално читање на овој текст, погледнете на 20-21 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈАНУАРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>