Фармацевти
Контакт

<< Назад

Светски ден на ХЕПАТИТИС

јули 2, 2020

Славица Тренгоска

|



Светскиот ден на хепатитисот се одбележува секоја година на 28 јули со цел да се подигне свеста за самата болест, да се делува со едукација и превенција за истата. Последните истражувања покажуваат дека вирусната инфекција со хепатитис е нашироко распространета, со дури 400 милиони пациенти ширум светот. За жал, податоците укажуваат дека дури 95% од лицата заразени со оваа вирусна инфекција не знаат дека се заразени – што е причина повеќе да се акцентира важноста за подигнување на свеста за хепатитисот.

Ова е денот кога се нуди можност за засилување на националните и меѓународните односи поврзани со оваа вирусна инфекција и да се дејствува со цел да се поттикне ангажирање и делување на поединци. Огромна е важноста за вклучување на јавноста со цел да се потенцира потребата за поголем глобална одговорност за хепатитисот. Причината поради која токму овој датум е одбран за светски ден на хепатитисот е затоа што е роденденот на научникот со Нобелова награда, д-р Барух Блумберг, кој го открил вирусот на хепатитис Б (ХБВ) и развил дијагностички тест и вакцина за вирусот.

Глобалната цел до 2030 година за оваа вирусна инфекција е потполното елиминирање на постоењето на хепатитисот. За да се постигне оваа цел, потребно е да се зголеми бројот на тестирања и да се делува со соодветен третман кај пациентите.

Оваа година Светската Здравствена Организација под мотото ‘пронајди ги изчезнатите милиони’ акцентот го става на огромниот број пациенти кои што поради недостиг на тестирања, асимптоматичност на вирусот и недоволно развиената свест за редовните прегледи, ќе продолжат да живеат со хепатитис. Водено од статистиките од изминатите години, доколку не се превземат потребните чекори за покренување иницијатива на оваа тема, и оваа година милиони граѓани ќе го изгубат својот живот поради оваа вирусна инфекција.

Хепатитис е воспаление на црниот дроб кое може да предизвика низа здравствени проблеми и може да заврши фатално. Како причини за овој инфламаторен (воспалителен) процес  најчесто се регистрираат вирусите и тоа најчести  се хепатитис вирусите: А, Б, Ц, Д, Е. На нашите простори најзастапени се хепатитис А, Б и Ц.   Како втора по ред причина се регистрира злоупотреба на алкохолот и овој тип на хепатитис се нарекува алкохолен  хепатитис. Други причини за хепатитис се некои лекови, автоимуни заболувања, метаболистички заболувања итн.

Третманот е долготраен и кај секој пациент може да делува на различен начин. Најчесто е скап и недостапен во сите неразвиени земји – каде постои највисока преваленција. Доколку не се третира соодветно, последиците од хепатитисот може да бидат и заканувачки по живот.

Во 2012 година, со цел да се подигне свеста за вирусната инфекција хепатитис, во 20 држави ширум светот, 12.588 луѓе ги демонстрираа симболите на ‘трите мудри мајмуни’ – што претставуваше знак дека светот треба да ги отвори очите, да ги слушне и да зборува за луѓето кои што во себе го носат вирусот.

За детално читање на овој текст, погледнете на 24-25 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈУЛИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>