Фармацевти
Контакт

<< Назад

Со балон над Кападокија

март 1, 2020

|



Кападокија претставува мондемско туристичко место кое порано било нарекувано „земја на самовилите“. Пасабаги е една невообичаена формација на троглава самовила која е препознатлив симбол на областа.

Областа се наоѓа во покраината Невшехир Анадолија, Турција, лоцирана во срцето на некогашна вулканска област. Поради вулканските ерупции пред милиони години а под влијание на временските услови, се формирани карпести скулптури кои се доста познати и привлекуваат голем број  туристи. Областа станува атрактивно место за посета од туристи поради бројноста на пештерите со автентичен амбиент во кои сега има сместено и кревети..

Во Кападокија се снимаат многу филмови поради прекрасните пејзажи, но, исто така, е препознатлива и по расните убави коњи кои се одгледуваат на тоа поднебје.

Низ Кападокија поминувал и „патот на свилата“ на добро познатиот Марко Поло. Кападокискиот Регион, исто така, е познат и по своите уметности. Покрај производството на квалитетно вино, прознатливи насекаде низ светот се и рачно изработените керамички производи, како и рачно ткаените килими.

Највисока точка е замокот Учхисар, а во срцето на Кападокија е сместен музејот на отворено – Ѓореме. Во областа е доста препознатливо и напуштеното село Кавусин кое изобилува со голем број  стари пештери и грчки куќи, во кои живееле древните народи.

Една од многуте атракции во оваа област е Дервент, долина на имагинација со безброј природни камени формации налик на животни.

Атракција во Кападокија е и подземниот град Деринкују, кој е еден од најдобро зачуваните и најдлабоки подземни градови во Кападокија, длабок 55м и висок  8 ката.

Други знаменитости поради кои вреди посетата на оваа област се и долината Ихлара – кањон долг 16км чии две страни се обиколени со карпести цркви, како и манастирот Селиме – издлабен во карпите од страна на христијански монаси во 13 век. Манастирот Селиме претставува една од најфасцинантните културни атракции за која експертите велат дека биле потребни 200 години за да биде завршена, т.е. издлабена во карпите. Манастирот е најголемата религиозна градба во областа Кападокија, а црквата во самиот манастир има катедрални димензии.

Низ вековите, покрај природата, и луѓето оставиле белег на Кападокија градејќи цркви и подземни градови. Во цела област постојат повеќе од 250 подземни града. Населението прво почнало да гради  скривалишта под карпите кои со времето се трансформирале во градови снабдени со вода, винарии, складови, па дури и посебни места за молење.

Кападокија претставува многу значаен извор за проучување на ранохристијанството и фрескоживописот, бидејќи се претпоставува дека во цела област има повеќе од 500 цркви.



Авантура што никогаш не се заборава, претставува и можноста на лет со балон над самовилските оџаци на Кападокија. Летот е секогаш пред изгрејсонце и во ист момент на прекрасното небо летаат околу 100 балони.

Поради природните убавини на областа, Кападокија е под закрила на УНЕСКО.

За детално читање на овој текст, погледнете на 30-31 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАРТ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>