Фармацевти
Контакт

<< Назад

Суплементација во бременост

мај 9, 2023



Пишува: Гинеколог Акушер Д-р М-р Симонида Котларова Попоска

Здрава и балансирана исхрана е неопходно да се обезбеди кај жените во периодот на бременост. Со исхраната мајката мора да обезбеди соодветни количини на хранливи материи за себе и за фетусот во развој. Зголемените потреби на одредени нутритиенти ни укажуваат дека само здрава исхрана не е доволна за да се одговори на тие потреби и затоа гинеколозите препорачуваат дополнителна суплементација од периодот на зачнување, во бременоста и во периодот на доење.

Есенцијални витамини и минерали во периодот од зачнување до мајчинство
Одредени микронутриенти придонесуваат за нормален ембрионски и фетален развој. Тука спаѓаат: фолна киселина (витамин Б9), холин, железо, јод, калциум, витамин Б12, витамин Д, омега-3 масни киселини и холин. Ќе се задржиме на дел од нив.

Фолна киселина
Покрај препорачаната здрава и избалансирана исхрана потребно е да се обезбедат доволно количини на фолати, како што е Метафолинот ( калциумова сол на Л-5 Метилтетрахидрофолат - биолошки активен облик на фолна киселина) најмалку 1 месец пред зачнувањето.
Метафолинот не бара серија на метаболички конверзии и организмот може веднаш да го искористи. Првиот важен стадиум во развојот на плодот се случува меѓу 22 и 28 ден по зачнувањето кога невралната туба се затвара.

Во овој момент ниските ниво на фолати кај мајката се ризик фактор за развој на дефекти на невралната туба кај фетусот. Многу често самата бременост поминува незабележително во овој ран стадиум затоа и светските препораки е да се внесуваат фолна киселина и метилфолат уште во фазата на планирање на бременоста. Дневна препорачана доза во овој период е 400 µg и треба да се продолжи со внес и во текот на целата бременост.

Холин
Фетусот живее во холинска средина. Концентрацијата на холин во ткивата на плодот е многу поголема во однос на концентрацијата во крвта на мајката.

Фетусот во развој не може да произведе свој холин и затоа мора да се потпре на холинот кој го превзема од мајката. Холинот е есенција- лен во периодот на бременост бидејќи учествува во метаболизмот на липидите и како прекузор за синтеза на фосфатидилхолин учествува во изградба на клеточните мембрани кај фетусот во развој.

Дополнително заедно со фолатот учествува како метил донор во нормалниот метаболизам на хомоцистеин.
Најнови истражувања покажа дека адекватниот внес на холин за време на бреме- носта ја намалува појавата на прееклампсија и инди- ректно влијае врз намалената инциденца на дијабетес за време на бременоста.

Поради сето ова ФДА (Американска администрација за храна и лекови) и ЕФСА (Европска агенција за безбедност на храна) донесоа одлука дека холинот е задолжителен во пренаталните витамини и минерали наменети за бремени жени и доилки.

Омега 3 во бременоста
Есенцијалната омега-3 масна киселина (ДХА декозахексаеноична киселина) е важна компонента на сите клеточни мембрани на телото.
Омега-3 полинезаситените масни киселини EPA и DHA го поддржуваат нормалниот раст и развој на мозокот и бидејќи тие не се синтетизираат во телото потребно е да се снабдуваат преку исхраната со храна како што се риба, рибино масло, млеко и др.

Внесувањето на ДХА од страна на мајката во бременоста придонесува за нормален развој на мозокот и очите на фетусот и доенче- то. Добар ефект на ДХА се постигнува со дополнителен внес од 200 мг на ДХА дневно веќе од 13-та недела од бременоста и во периодот на доење.

Д Витамин
Д витамин или калциферол придонесува за нормално одржување на фунцијата на коските и мускулите. Иако неговото снабдување се обезбедува со изложување на сонце и со исхрана, дефицитот на витамин Д е почест отколку што се очекува дури и во сончевите земји. За време на бременоста соодветен внес на овој витамин е од витално значење за одржување на здравјето на мајките и правилниот раст на фетланиот скелет, клеточната делба и др. Негов недостаток е поврзан со ИУГР, рахитис, абнормалности на забниот емајл, предвремено родени деца и др.

Дневните препораки за витамин Д кај бремени жени и во периодот на зачнување се 5 до 15 µg/ден (600 IU). Од останатите есенцијални витамини и минерали во бременоста е потребно да се внесува и Јод за нормално создавање на тироидните хормони, железо за превенција од анемија и намалување на заморот и исцрпеноста и секако витамините од Б групата, витамин Ц и Е со што се штитат клетките од оксидативен стрес, лутеин, цинк итн.

Изборот на суплементи секогаш треба да ги задоволи дневните препорачани дози за оваа фаза од животот на жените и да ги обезбеди во облик кој биолошки е неајдобро искористлив.

За детално читање на овој текст, погледнете на 16-17 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Март 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>