Фармацевти
Контакт

<< Назад

Топол чај – здрава навика од мали нозе

февруари 1, 2020

|

Ивана Михајловска
магистер по фармација и бренд менаџер на LIVSANE



Се сеќавате ли на студените зимски утра во кои нашите баби и дедовци ни приготвуваа топол чај за појадок? Се сеќавате ли на деновите кога по напорниот детски ден полн со игри на снегот се враќавме дома каде што нѐ чекаше шолја топол чај?
Луѓето во Кина уште пред 4.000 години знаеле дека чајот е добар за здравјето. Чајот е здрава напивка за вас и вашите деца, нема калории, нема шеќери и нема додадени бои и хемикалии.

Денес, ги имаме вкусните LIVSANE чаеви со прва класа на квалитет, достапни со различни вкусови од различни билки.
Пиењето чај во секојдневниот живот на децата придонесува тие да имаат поздрав и хидриран организам.

Чајот од нане е еден од најпопуларните чаеви кај дечиња што имаат проблем со констипација, гасови и абдоминални грчеви.

Чајот од камилица е корисен при настинки, кашлици и за смирување на стомачето кај дечињата. Ја поддржува дигестијата и се препорачува да се пие пред оброк. Доколку детето има вознемирено стомаче поради јадење благи и слатки работи, чајот од камилица е прв избор за ослободување од непријатноста. Дополнително, камилицата помага за смирување на нервниот систем и дејствува антиинфламаторно, особини поради кои се препорачува кај деца на кои им растат запчињата и кај деца што се хиперактивни или под стрес.

Чајот од ѓумбир е одличен за поттикнување на дигестијата и варењето на храната. Ги намалува мачнините, спречува гадење и повраќање, па затоа е прв избор кај дечиња што имаат проблем при патување. Често се користи и при настинки и ја подобрува циркулацијата. Кога ќе се појават првите знаци на вирус или грип, топлиот чај од ѓумбир може да помогне во стимулација на црниот дроб, односно отстранување на токсините од крвотокот. Делотворен е и кај придружните симптоми како назална конгестија, односно течење на носот и при кашлица.

Чајот од бозел е прв избор при состојби на грип и настинка. Помага при кашлица и предизвикува потење, со што ја намалува покачената температура. Дополнително, преку потењето помага да се исфрлат и токсините.

Чајот од кантарион е познат по антивиралните и антибактериските особини. Се дава кај дечиња што имаат проблем со ноќно мокрење.

Чајот од жалфија е значаен поради своите антибактериски својства. Жалфијата е и диуретик, па овој чај е од особена важност кај уринарните инфекции. Жалфијата има и смирувачко дејство, особено врз системот за варење.

Децата ги копираат вашите навики. Бидете здрави родители со оригинален начин на живот. Чаевите LIVSANE се одличен пример за тоа. Денес, за разлика од минатото, многу ретко се користи чајот во исхраната на децата. Преку забава донесете го чајот на вашата семејна трпеза. Експериментирајте дома со приредување забава со чај за вашите најмили. Подгответе вкусен појадок и вклучете го чајот во него. Поставете ја трпезата и направете настан од тоа. Вклучете ги вашите деца охрабрувајќи ги да вкусат различни чаеви и да видат како им се допаѓаат вкусовите.

За детално читање на овој текст, погледнете на 13 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ФЕВРУАРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>