Фармацевти
Контакт

<< Назад

Трендови за шминка ова лето

јуни 1, 2021



Природниот, едноставниот и свежиот изглед е секогаш во мода.

Првата фаза пред секоја шминка е, секако, чистење на лицето, т.е. хидратација на кожата која дава свежина. Тоа најчесто се препорачува со користење  мицерална вода, тоник или, пак,  млеко за чистење на лицето, по што следува нанесување  крема соодветна за типот на кожа. Она што е многу важно пред нанесување  декоративна козметика е хигиената на четките кои ги користиме. Сите помагала и четки секогаш треба да бидат добро исчистени после секоја употреба што ќе ја намали можноста за нанесување бактерии на вашата кожа.

Пудрата, односно подлогата треба да се избере на најдобар начин за да биде идеална за вашата кожа и да се покријат сите недостатоци, а притоа да не се познава дека воопшто сте нанеле. Типот на пудра се одбира во зависност од каков тип на кожа имате.

Кога станува збор за тренд шминка и оваа година е оној природен гламурозен изглед со природни тонови и природни бои на кармин на усните. Со боите на сенките може секогаш да играте и да ги изберете во зависност од вашето расположение и прилика. Кога се работи за дневна шминка, добар избор е бледорозе сенка, златести и природни нежни усни. Може да се користи и мат кармин, како и сјај за уста.

Тушот е секогаш во тренд без разлика дали се работи за дневен или за вечерен изглед. Црната боја е класика за секоја пригода и со само нанесување туш вие имате одличен изглед. Туш во боја, исто така, е одличен избор. Неонските тушеви даваат одличен ефект. Особено виолетовиот туш кој дава еден убав и префинет изглед.

Карминот е најважниот дел од шминката. Изборот на боја е секогаш смелост кога се работи за појаки бои. Црвениот кармин е секогаш тука за изглед што зрачи со сексапил и самоувереност.

Бојата на руменилото треба да биде една до две нијанси потемна од вашата кожа. Најчесто за дневна шминка се користат светли нијанси како розеникава или праска боја, додека во вечерните часови може да нанесете потемни нијанси.

Хајлајтерот е одличен избор на ефективен начин да добиете подмладен, сјаен и едноставно гламурозен изглед кој дава свежина на вашето лице. Тој треба да се нанесе во одредена мера,

За детално читање на овој текст, погледнете на 17 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈУНИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>