Фармацевти
Контакт

<< Назад

Ултимативниот прирачник за СПФ заштита

јули 1, 2022



Прекумерната изложеност на ултравиолетовото (УВ) зрачење од сонцето претставува главната причина за појава на рак на кожата. УВ зрачењето е доволно високо за да предизвика изгореници од сонце, дури и во овие пролетни денови. УВ индекс претставува меѓународно стандардизирана нумеричка скала, развиена од Светската здравствена организација, која го мери количеството на УВ зраците што допира до површината на земјата. УВ индексот почнува од 0 и нема горна граница. Максималниот УВ индекс е единствен број што ја претставува максималната јачина на УВ индексот во денот.

Бидејќи УВ индексот и во пролетните месеци достигнува висока скала, Светската здравствена организација препорачува умерено изложување на сонце, движење под сенка и користење на креми со СПФ заштита во текот на целата година. Советите за кремите за заштита од сонце може да бидат застрашувачки, па, еве ги сите “за” и “против” СПФ, за да се погрижите вашата кожа и сонцето да останат во пријателски односи оваа сезона, па и во текот на целата година.

ЗА СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА НА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ

Без разлика дали грее сонце, или пак врне, секојдневната употреба на крема со заштитен фактор е есенцијална – дури и во затворен простор. Само УВБ зраците се намалени од облаците и во текот на зимата, додека УВА зраците се присутни во текот на целата година и можат да пенетрираат дури и преку прозорците. Користете заштита од сонце 365 денови во годината, за да ја заштитите вашата кожа и да го одложите настанувањето на фините линии, брчките и хиперпигментацијата на кожата.

ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ТОЧНОТО НИВО НА СПФ

СПФ е количината на заштита што една крема може да ја даде против УВБ зраците. По правило, треба да биде 15, или повисоко – идеално, 30+ доколку го поминувате времето надвор. Како и да е, кога планинарите, или скијате на поголема надморска височина, или сте на плажа, користење на крема со СПФ50 е задолжително. Имајте на ум дека ризикот од оштетување на кожата е најголем кај луѓето со светол тен и коса, пеги и бенки, па ако сте дел од оваа група треба секогаш да користите минимум фактор 30, или 50.

ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА СОСТОЈКИТЕ

Има два типа на креми за заштита од сонце: креми со хемиски филтри, кои ги апсорбираат сончевите зраци, пенетрирајќи длабоко во кожата и креми со физички (минерални) филтри, кои ги рефлектираат сончевите зраци, одбивајќи ги од површината на кожата. За жал, некои хемиски креми за заштита од сонце содржат состојки кои всушност можат да направат повеќе штета, отколку добро. Внимавајте на хемиските филтри како Octinoxate и Oxybenzone – студиите детектираа здравствени ризици поврзани со овие филтри, од таложење во кожата до иритација и потенцијални ендокрини нарушувања. Покрај тоа што овие состојки се штетни за вашето здравје, тие исто така претставуваат еколошка закана, загрозувајќи го морскиот свет и коралните гребени. За среќа, кремите за заштита од сонце базирани на минерали се безбедна алтернатива. Секогаш барајте формули кои содржат Zinc Oxide, или Titanium Dioxide, кои се безбедни и за вас и за планетата.

ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ШИРОК СПЕКТАР НА КРЕМИ ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ

УВА и УВБ зраците се штетни на различен начин – првите се одговорни за предвремено стареење, додека вторите за изгореници од сонцето.
Крема која ве заштитува само од еден од двата типа, нема да ви обезбеди целосна заштита, па определете се за широкоспектарно решение.
Бидејќи голем дел од денот го поминуваме покрај нашите електронски уреди, уште еден фактор кој треба да се земе во предвид, е заштитата од сината светлина од нашите телефони и лаптоп компјутери – студиите укажуваат дека таа потенцијално допринесува за стареење на кожата. За среќа, широкоспектарните минерални креми за заштита со Zinc Oxide, или, Titanium Dioxide ја заштитуваат вашата кожа и од сината светлина, па имате добитна комбинација.

ЗА ЗБОГАТУВАЊЕ НА ВАШИОТ СПФ СО АНТИОКСИДАНТИ

СПФ и антиоксидантите се навистина спој од соништата – делувајќи како зајакнувачи на вашиот СПФ, тие ја неутрализираат штетата од слободните радикали, предизвикана од изложеноста на сонце. Алтернативно, можете да користите самостоен производ за нега, богат со антиоксиданти – можностите се бесконечни, но ние ви препорачуваме употреба на креми кои содржат Lycopene или Витамин E за да ја третирате кожата по изложувањето на сонце.

За детално читање на овој текст, погледнете на 26-27 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јули 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>