Фармацевти
Контакт

<< Назад

Што е дебелина и како се мери?

октомври 1, 2022

Соработувајте со вашиот лекар и направете план

Дебелината е сложена болест, но нејзиниот третман не мора да биде. Здравствените работници едуцирани за третман на дебелината поседуваат знаење и алатки за да направат план за третман што вам ќе ви одговара. Важно е заедно со вашиот лекар да ги препознаете причините и пречките за ефикасно да се справите со дебелината. Ако не сте сигурни за нешто, не двоумете се да побарате дополнителни информации. Исто така можете да споделите идеи како да се подобри третманот или да поразговарате за какви било грижи што ве мачат.

Разгледајте ги причините за дебелината и поставете ги вашите цели

Немојте да се изненадите ако ве прашаат за историјата на вашата тежина и што сте правеле претходно за да ја регулирате телесната тежина. Важно е да се земат предвид минатите и сегашните здравствени состојби, како и сите лекови што ги земате во моментот. Можете да разговарате и за вашите навики за јадење, спиење и за расположението и како се смениле со текот на времето.

Следниот чекор е да разговарате за опциите за третман значајни за вашата состојба, врз основа на личните потреби. Постојат низа различни научно докажани опции за третман што ви се достапни преку вашиот лекар. На пример, здрава исхрана и физичка активност, бихевиорална терапија, лекови против дебелина и баријатрична хирургија. Во планот за справување со тежината може да има различни третмани, во зависност од состојбата во која сте.

Цели што го поддржуваат вашето здравје и квалитетот на животот
Вие и вашиот лекар заедно ќе разговарате за вашите цели кои треба да ве мотивираат да направите промени во начинот на живеење. Ефектот е најголем кога целите се реални, одржливи и кога може да ги следите.

Подобрувањето на здравјето ќе ви биде еден вид цел. Но постојат многу други цели што можете да ги постигнете. Тоа може да биде:

Вие најдобро знаете што треба да правите за да се чувствувате добро и што ве мотивира. Сите ние сме различни и лекарот ќе цени ако отворено разговарате за вашите дилеми.

Што да очекувате на патот кон справување со телесната тежина
Како и секое патување, така и слабеењето има свои подеми и падови. Периодот на стагнација е честа, но вознемирувачка фаза на патот кон справување со телесната тежина. И кога ќе ја постигнете оваа фаза на стагнација, тежината почнува да се стабилизира. Оваа состојба може да ве обесхрабри, но тоа е сосема нормално и е дел од повеќето, ако не и сите успешни и одржливи обиди за намалување на телесната тежина. Вашиот лекар е клучот за да се најде нов начин за надминување на тешките моменти, како што е стагнирањето во намалувањето на тежината. Во зависност од целите за справување со тежината, лекарот може да го зајакне третманот или едноставно да ја одржи намалената телесна тежина што сте ја постигнале.

На ова патување не мора да сте сами

Справувањето со телесната тежина е процес што трае во текот на целиот живот, а могумина се осамени и може да се чувствуваат безнадежно. Но не мора да биде така. Сè повеќе лекари ја разбираат науката за дебелината и го имаат неопходното знаење за ефикасно да ги третираат пациентите со дебелина. Пронаоѓањето на вистинскиот лекар кому ќе му се обратите за совет и соработка може да биде првиот чекор на патот кон подобро здравје и квалитет на животот.



За детално читање на овој текст, погледнете на 08-09 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Октомври 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>