Фармацевти
Контакт

<< Назад

Што е хата јога?

јуни 1, 2021

Диана Петровиќ
инструктор по хата јога

|



Јогата е една цела наука. Најраспространета во светот е хата јога. Таа потекнува од Индија уште од 15 век. Самиот збор значи силен. Инаку, „ха“ ја претставува машката енергија, т.е. сонцето, а „та“ ја претставува женската енергија, т.е. месечината. Затоа хата јога има за цел да ги соедини тие две спротивни енергии, а со тоа да направи баланс помеѓу телото и умот. Хата јога може секој да вежба без разлика на годините, без разлика на здравствените проблеми. Таа нè учи како само со тоа што го имаме – нашето тело и нашиот ум да си помогнеме себеси. Да си го подобриме своето   здравје. Да бидеме физички и психички здрави.

За време на вежбањето движењата се со умерен интензитет. Секое тело е различно, затоа секој  во положбите – асаните влегува толку колку што му дозволува телото без напрегање, опуштено и останува. На тој начин телото се истегнува и станува пофлексибилно. Постепено болките исчезнуваат. Со секое извртување во положбите ги чистиме внатрешните органи, на едноставен начин ги тонизираме телото и си го подобруваме нашето здравје. Во хата јога, исто така, многу е  важно    дишењето – пранајама. Денес со брзиот начин на живот ние забораваме да дишеме не во буквална смисла на зборот, туку тоа станува сè пократко. Нашето тело нема доволно кислород и на тој начин заболува. Во хата јога се учи како треба правилно  да се диши. Со правилно дишење се чистат дишните патишта, се зголемува капацитетот на белите дробови, нашиот ум има доволно кислород. На тој начин се подобрува концентрацијата, умствено и емоционално сме посилни.

Кога ќе се спојат положбите и дишењето заедно тогаш настанува вистинска  „магија“. Телото има повеќе енергија, полесно може да функционираме, го  поткрева имунитетот, правилно и полесно донесуваме одлуки. Има многу придобивки од применување на хата јога. Освен што ја намалува хроничната болка, ги намалува и воспаленијата. Го подобрува држењето на телото, ги ублажува болките во грбот и го јакне ʼрбетот. Ја подобрува циркулацијата на крвта, а со тоа го регулира крвниот притисок. Помага во регулирање на лошиот холестерол и шеќер во крвта. Го подобрува сонот. Исто така, има и ментални придобивки. Го прави човекот да е свесен за своето тело. Го ослободува и релаксира и умот и телото. Помага во контрола на емоциите, го подобрува расположението. Се чувствуваме исполнети и среќни.

Со практикување на хата јога се менува начинот на размислување и начинот на живот. Гледаме позитивно на работите што ни се случуваат. Стануваме свесни за себе. Телото и духот ни се подмладуваат. Во секој момент си помагаме себеси да бидеме попродуктивни, позитивни личности, полни со елан, здравје. Вежбајте хата јога за поубава старост.

„АКО МОЖАМ ЈАС, МОЖЕШ И ТИ“

За детално читање на овој текст, погледнете на 32 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ЈУНИ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>