Фармацевти
Контакт

<< Назад

15 Септември – Светски ден на лимфом

септември 1, 2022


Трансфузиолог Тања Величковска


Светскиот ден за подигање на свеста за лимфомот е иницијатива на Коалицијата за лимфома, која се одржува секоја година на 15 септември, а првпат била одбележана во 2004 година. Овој ден се одбележува со цел да се подигне јавната свест на глобално ниво за ракот на лимфниот систем, која обезбедува платформа за лекарите, медицинските сестри, групите за поддршка на пациентите, пациентите и нивните семејства да споделат витално знаење за лимфомот, неговите знаци и симптоми и како тој влијае на животите на илјадници луѓе во светот.

Што е лимфом?
Лимфомот е рак на крвта, кој се јавува кога еден вид бели крвни зрнца, наречени лимфоцити, се делат и се акумулираат на неконтролиран начин. Здравите лимфоцити патуваат во телото во лимфниот систем како дел од имунолошкиот систем заштитувајќи од инфекција.
Како функционира лимфниот систем кај здрави луѓе и кај оние со лимфом?
• Кај здравите луѓе лимфната течност тече низ мрежа од лимфни садови;
• Лимфните садови се поврзуваат со група лимфни јазли, кои се однесуваат како филтер заробувајќи штетни клетки, како бактерии и вируси, кои потоа се уништуваат од лимфоцитите;
• Кога здрава личност има инфекција, лимфните јазли ги заробуваат бактериите и вирусите, кои не може веднаш да ги уништат и како резултат на тоа тие отекуваат и стануваат осетливи на допир;
• Кај пациентите со лимфом лимфоцитите се делат на абнормален начин и не умираат како што би требало. Ова резултира со акумулација на лимфоцити во лимфните јазли, најчесто на вратот, под пазувите или на ципите;
• Отечените лимфни јазли во лимфомот се безболни, но содржат многу од овие абнормални лимфоцити, влијанието е нефункционален имунолошки систем.

Кои се симптомите на лимфом?

Знаците и симптомите на лимфомот се прилично генерализирани и слични на помалку сериозни болести, како што се грип или други вирусни инфекции, што значи дека лесно може да се занемарат. Сепак, симптомите на акутна инфекција се краткотрајни и исчезнуваат, а кај лимфомот тие перзистираат. Најчестиот манифестиран симптом на лимфом е безболен оток во лимфните јазли.

Други вообичаени знаци се:
• Необјаснето губење на тежината;
• Постојан замор, кој трае долго време;
• Постојано чешање без причина;
• Ноќно потење;
• Рекурентна треска;
• Губење на апетитот;
• Недостиг на здив и појава на кашлица;
• Зголемени крајници;
• Главоболка;
• Необјаснета болка во градите, стомакот и во коските.

Главна поделба на лимфомот:
• Најчесто дијагностицирани лимфоми се не-Хочкиновите лимфоми (НХЛ). Според клиничкиот тек на болеста, лимфомите може да се поделат на индолентни и агресивни. Индолентните лимфоми имаат бавен тек и пациентите може да живеат со нив со години, во одредени случаи и без третман. Агресивните лимфоми се типични малигни болести, кои се карактеризираат со напредна прогресија, која бара итен и неодложен третман.
•Хочкиновиот лимфом, според клиничкиот тек, одговара на агресивен лимфом. Двете најчести форми на НХЛ се дифузен Б-големоклеточен лимфом и фоликуларен лимфом. Дифузниот Б-големоклеточен лимфом припаѓа на групата агресивни, брзорастечки лимфоми, а фоликуларниот лимфом е индолентен, бавнорастечки лимфом, кај кој симптомите честопати се појавуваат постепено и може да поминат незабележано подолг период, па затоа оваа форма на лимфом често се дијагностицира во напредната фаза на болеста.

Лимфомот не прави дискриминација врз основа на полот, возраста или културата. Тој претставува еден вид рак на крвта, што се развива кога ќе се јави грешка во производството на лимфоцититебели крвни клетки, кои се одговорни за борбата против инфекциите, што резултира со абнормални клетки, кои стануваат канцерогени. Сепак, откривањето на болеста не мора да значи дека исходот ќе биде фатален, всушност, дури и агресивниот не-Хочкинов облик на лимфом може да се излекува.

За детално читање на овој текст, погледнете на 20-21 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Септември 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>