Фармацевти
Контакт

ЧОВЕКОТ КОЈ СПАСИЛ ОСТРОВ

Љубопитно

ЧОВЕКОТ КОЈ СПАСИЛ ОСТРОВ

Индиецот Јадав Пајенг над 30 години од својот живот ги...

ЗАМИНУВАЊЕ НА ЛЕГЕНДАРНИОТ АВТОМОБИЛ

Компанијата Фолксваген најавила дека во јули наредната година ќе го...

ТАЈНАТА НА ДОЛГОВЕЧНОСТА Е ЉУБЕЗНОСТА

Со веќе добро познатиот факт за важноста на здравата исхрана...

СРЕДНОШКОЛЕЦ ВО ОСМАТА ДЕЦЕНИЈА

По прославата на својот седумдесетти роденден и одењето во пензија,...

ДИЈАМАНТИ НА СИГУРНО

Масачусетскиот институт за технологија објавил резултати од истражување според кои...

ХРАНА КОЈА ЈА НАМАЛУВА АНКСИОЗНОСТА

Симптомите како напнатост, страв, претерана загриженост околу секојдневните проблеми, пречки...

ГОЛЕМА ТРКА НА ПОЛЖАВИ

Трката на полжави традиционално се одржува во Велика Британија уште од 1960 година. Овогодишниот победник бил полжавот Хост кој го добил името по растението што го пронашол неговиот сопственик. На натпреварувањето се појавуваат и полжави посебно одгледувани за оваа прилика, но сè уште не успеваат да го надминат рекордот од 1995 година. Тогаш полжавот со име Арчи ја поминал стазата долга 33 сантиметри за неверојатни 2 минути и 20 секунди. Трката почнува со извикот: „Подготви се, внимание, полека!“ Победникот добива сребрена чинија полна со зелена салата.

Категорија: Љубопитно

октомври 1, 2018

ВИЕНА СЕ БОРИ ПРОТИВ ПОТКОВИЦИТЕ

Градските власти во Виена објавиле податок кој укажува на тоа дека коњите кои ги влечат кочиите наскоро би можеле да добијат пластични потковици. Овој старински начин на превоз е многу популарна туристичка атракција. Меѓутоа, според тврдењата на градските власти, металните потковици годишно прават штета на асфалтот во висина од 700 000 евра. Во решавање на проблемот е вклучен и ветеринарниот факултет и моментно се тестираат четири вида пластични потковици.

Категорија: Љубопитно

октомври 1, 2018

ДЕН НА БЕЛОТО ЧОКОЛАДО

Чоколадото во Европа стигнало во 16 век, а денес Европејците се на прво место на планетата по изедената количина. Меѓу нив водат жителите на Велика Британија, Швајцарија и Германија, чија просечна годишна потрошувачка на чоколадо е околу 11 килограми по глава на жител. Во таа количина е пресметано и белото чоколадо, чиј ден се одбележува на 22 септември секоја година.

Категорија: Љубопитно

септември 1, 2018

КОГА СНИШТАТА ЌЕ СТАНАТ ЈАВЕ

Иако дури 60% од луѓето не се сеќаваат на своите сништа, тоа не значи дека не сонуваат. За среќа на човештвото, во таа популација не спаѓале некои од големите умови чии откритија го изменија светот. Ќе го споменеме Димитри Менделеев кој го сонувал периодниот систем на елементите, Никола Тесла и неговиот генератор на наизменична струја, а наводно и Лари Пејџ прво го сонувал Google пред ние да имаме можност да го користиме.

Категорија: Љубопитно

септември 1, 2018