Фармацевти
Контакт

<< Назад

Да го прашаме нашиот фармацевт

септември 29, 2015

[vc_column width="1/1"]

КОГА, КАКО И НА КОJ НАЧИН ДА СЕ ЗЕМА ЛЕКОТ

Душан Гољиќ
м-р по фармација

При појава на првите тегоби за совет често се обраќаме кај фармацевтот. Нему му се потребни информации за да може правилно да ја сфати нашата симптоматологија, а комуникацијата со него може да биде од пресудно значење за исход на нашето лекување

Денешната економска ситуација, за жал, ги измести приоритетите, па многумина прво се интересираат за цената на лекот наместо за неговиот квалитет, правилната употреба и можните несакани дејства. Кога сме во аптека мораме да покажеме трпение, да го чекаме нашиот ред и да поставиме клучни прашања.

ВО КОЛКУ ЧАСОТ БИ ТРЕБАЛО ДА ГО ИСПИЈАМ ЛЕКОТ?
Редовното земање терапија е клучно за ефикасно лекување. Статистиката покажува дека лицата кои својата терапија ја земаат дисциплинирано во исто време од денот во 80% од случаите постигнуваат оптимални резултати. Доколку не разбираме што значи „два пати дневно“ (2х1), подобро е да прашаме во колку часот да го земаме лекот.

КОЛКУ ДОЛГО ДА ГО ПИЈАМ ЛЕКОТ?
Во зависност од симптомите, траењето на лекувањето варира, па некои лекови се пијат две недели, некои со месеци, а некои, пак, со години или доживотно. Секој пациент има право да знае што лекува секој лек од оние кои ги пие и колку долго ќе ги зема заедно или одвоено.

ДАЛИ ТЕРАПИЈАТА Е ВРЗАНА СО ОБРОК?
Присуството на храна во дигестивниот тракт може да го намали дејството на лекот, или поради интеракција исходот да биде со несакана последица. Лековите кои се користат за лекување на желудник, орални антидијабетици, многу лекови за невролошки болести и некои суплементи по правило се земаат на празен стомак. Од друга страна, многу антибиотици, повеќето антиревматици и лекови за астма главно се земаат по оброк.

ИМАМ ПРОБЛЕМ СО ГОЛТАЊЕ НА ТАБЛЕТИ, КАКО ДА ЈА ЗЕМАМ ТЕРАПИЈАТА?
Многу сериозна тема која е чест случај кај возрасните и децата. Земањето орални цврсти препарати (таблети, капсули) постепено се учи. Постојат техники кои се користат во оваа цел, па доколку имате проблем, прашајте го вашиот фармацевт за совет.

ДАЛИ Е ПРЕПОРАЧЛИВО ЗЕМАЊЕ СУПЛЕМЕНТИ СО МОЈОТ ЛЕК?
Некои суплементи кои можеме да ги најдеме само во аптека можат да го зголемат дејството на лекот и да ни помогнат побрзо и поефикасно да ги совладаме тегобите. Од друга страна, во многу случаи е контрадикторно да се земаат помошни лековити средства, кои можат да дејствуваат антагонистички на лекот, па за квалитетен совет секогаш треба да му се обратиме на аптекарот и внимателно да го сослушаме.

КОЈА ХРАНА СМЕЕ ДА СЕ ЗЕМА СО ЛЕКОТ?
Многу терапии безбедно се спроведуваат во коегзистенција со постоечките животни навики. Но, при земање лекови за дијабетес, гастроинтестинални тегоби или кардиоваскуларни проблеми се препорачува диететски режим, па навиките можат да се коригираат. Во посебни случаи постои и специјална исхрана кога мора да се избегнуваат некои продукти, како што е случај кај мигрена, улкусни
болести, целијакија, хиперхолестеролемии итн.

ШТО Е БИТНО ОД МОЈАТА АНАМНЕЗА ЗА ЗЕМАЊЕ НА ОВОЈ ЛЕК?
Постоење на претходно лекувани болести или, пак, присуство на наследни болести е многу значајно за земање на секој лек. Обратете му се на фармацевтот кога треба да земете нова терапија и тој точно ќе ви наведе која здравствена состојба претставува ризик-фактор и ќе ви
укаже на мерките на внимание во текот на лекувањето. Разликата помеѓу лек и отров често се мери со милиграми. Исклучително е важно дисциплинирано и контролирано да ја земаме својата терапија. Доколку ни се јави дилема или ни се наметнува некое прашање, не би требало да се воздржуваме да побараме совет од фармацевтот, зашто, всушност, тие милиграми кои живот значат се тајна која тој најдобро ја познава и која со задоволство ќе ја подели со нас.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>