Фармацевти
Контакт

<< Назад

Хроно исхрана

јануари 3, 2017

Индивидуална програма за слабеењеАна Николиќ

Во морето познати и популарни диети (Аткинсонова, месечева и сл.) за кои луѓето читаат, разменуваат искуства а кои најчесто се сведуваат на тоа како брзо и лесно да се ослободите од вишокот килограми, хроно исхраната е една од најпопуларните, па сè почесто се разменуваат хроно рецепти и се готват хроно јадења за целото семејство. Меѓутоа, готвењето според хроно рецепти кои сме ги добиле од пријателка или колега од работа не е хроно исхрана. Еве зошто.

Хроно исхрана е индивидуална метода за во согласност со здравствената состојба, старосната доба и телесната градба да ја регулираме тежината. Со други зборови, она што е добро за една личност не е добро за друга. Поради тоа хроно исхраната треба да ја пропише стручњак едицуран за работа според таа програма.

Програмата за хроно исхрана опфаќа индивидуална дијагностика и тестирање на интолеранција на намирници, индивидуални протоколи на суплементација и персонализирана програма за правилно комбинирање храна. Се базира на следните параметри:

Гликемиски индекс: Ја покажува брзината со која се подига шеќерот во крвта по консумирање некоја намирница. Во суштина треба да се избегнуваат намирници со висок ГИ ефект, а да се консумираат оние со низок.

Кисело-базна рамнотежа: Храната која ја внесуваме во организмот може да биде базна, кисела и неутрална. Во хроно исхраната се форсира целно зголемување на базноста за да се намали штетното дејство на кисели намирници. Поимот кисели и базни намирници, всушност, се однесува на реакцијата што тие ја предизвикуваат во организмот во процесот на варење. На пример, во кисели намирници се вбројуваат шеќер, вештачки засладувачи и бело брашно, а во базни кромид, лук, сенф, грејпфрут, киви, јаболков оцет итн.

Правилно комбинирање намирници: Хроно исхраната не наметнува остри ограничувања за количината на храна. Меѓутоа, појадокот е задолжителен, а се препорачуваат протеини, како и јаглехидрати. Ова, всушност, е главен оброк кој на организмот треба да му даде енергија во текот на цел ден и единствен оброк кога смеат да се комбинираат јаглехидрати и протеини. За ручек во хроно исхраната се предвидени белковини од животинско или растително потекло (да се избегнуваат производи од житни растенија), кои се комбинираат со зеленчук. Ручекот би требало да биде помалку обилен од појадокот.

Овошје не се препорачува за појадок, туку исклучиво помеѓу ручекот и вечерата во органичени количини. Хроно вечерата е слична на ручекот, треба да се избегнуваат јаглехидрати и житни растенија, а да се консумираат лесни протеини и зеленчук, на пример, риба и блитва.

Време за оброците: Заговорниците на хроно исхрана велат дека храната поинаку се разградува во телото во различно време од денот. Менито треба да има три главни оброци (појадок, ручек, вечера) и попладневна ужина. Помеѓу не е дозволено дури ни грицкање овошје, а растојанието помеѓу оброците треба да биде четири до пет часа.

Напомена: Со оглед на тоа дека хроно исхраната подразбира рестрикции како што е избегнување кравјо млеко и јогурт, зеленчук кој содржи многу скроб, како и овошје, кое треба целосно да се исфрли во рестриктивниот период, пред да се одлучите за овој режим на исхрана, препорака е да се посоветувате со вашиот лекар.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>