Фармацевти
Контакт

<< Назад

ИНСЕКТИТЕ, ТИЕ ЛЕТНИ НАПАСТИ

август 5, 2015

[vc_column width="1/1"]За престојот во природа да не биде пеколДушан Гољиќ
м-р по фармација

Крлежите, осите и комарците се најактивни во лето, нивните каснувања се иритантни, а може да предизвикаат и потешки алергиски реакции, па треба безбедно и ефикасно да се заштитиме со препарати за заштита од каснувања од инсекти

Топлите летни денови обично ги поминуваме во ладовина, освежувајќи се со ладни напитоци, а доцните попладниња и вечери уживајќи покрај драгите лица, во некоја градина, на тераса или во просторија со ширум отворени прозорци. Речиси и да не постои личност на која овие убави моменти не ѝ се прекинати од ненадејни каснувања од комарци! Ситните инсекти со своето зуење често ни го прекинуваат дружењето, одморот, па дури и сонот. Како безбедно и ефикасно да се заштитиме од инсектите и на што треба да обрнеме внимание?

Крлежите, осите и комарците се размножуваат во рурални и урбани средини, каде наоѓаат природни места за размножување кои изобилуваат со влага. Најактивни се во текот на летото во близина на море, речни корита и езера, но и во шуми и на планински пасишта. Речиси и не постои летувалиште во чија близина комарците не можат да се намножат во практично неограничен број и престојот во природа да го претворат во пекол. Во аптеките на располагање ни се низа препарати за заштита од каснувања од инсекти.

Атрактанти се група на супстанции кои со својот мирис ги привлекуваат инсектите. Обично се од билно потекло и имаат биолошка функција во природата да ги привлечат летачките опрашувачи. Денес можат да се најдат како ароми во парфеми и дезодоранси во комерцијална продажба. Од тие причини, се препорачува нивна намалена употреба надвор за време на летните вечери.

Репеленти се група на хемиски соединенија која има својство за одбивање на инсектите. Можат да бидат миризливи или потполно без мирис, но заедничко им е дека дејствуваат на нервниот систем н инсектите, пореметувајќи ја нивната физиологија и одбивајќи ги нивните налети. Агенцијата за заштита на животната средина (EPA) ги категоризира како инсектициди, треба да се користат внимателно и во согласност со приложеното упатство.

Вештачките (синтетски) репеленти генерално имаат подолго дејство и се поефикасни во одбивање на поголем број инсекти. Но, ако се голтнат или дојдат во контакт со очите можат да имаат различни токсични ефекти. На нашиот пазар најзастапени се:
DEET (диетил-толуамид). Многу ефикасен репелент, може да се нанесува на кожа, но да се избегнува допир со храна, очи и слузокожа. Ако се голтне, потребно е веднаш да се јавите во најблиската амбуланта, соединението е многу токсично.

Пралетрин. Ефикасен репелент, кој поради својата токсичност не смее да дојде во контакт со кожата и се користи исклучиво во препарати кои испаруваат за заштита на отворени или затворени простори.

Икаридин е поблаг репелент, се наоѓа во вид на спрејови или креми за кожа. Релативно е безбеден и се препорачува внимание во случај на голтање на препаратот.

Репелентите од билно потекло се помалку ефикасни и се нанесуваат обично повеќе пати во текот на денот. Побезбедни се и можат да ги користат дури и мали деца и трудници. Обично се користат етерски масла од кранфилче, лимонска трева, евкалиптус, лаванда, рузмарин, горчлив бадем и нане, како и специфични соединенија од билно потекло, како што се гераниол, цитронелол, лимонен итн. Доколку се проголтаат, обично се јавува минлива мачнина, а интензивен контакт со кожата во најтежок случај може да биде контактен дерматитис.

Механички репеленти се уреди од поновата генерација кои со вибрационен механизам создаваат ултразвучен сигнал кој ги одбива сите инсекти што летаат. Се користат за заштита на бебиња при прошетки на отворено или за заштита на затворени простории во текот на ноќта.

Каснувањата од инсекти, покрај тоа што иритираат, можат да предизвикаат и потешки алергиски реакции на кожата, особено ако летуваме во тропски краеви. Од нашиот аптекар можеме бесплатно да добиеме совет за тоа како безбедно и ефикасно да се заштитиме. Впрочем, спокојот за време на летните вечери е чувство кое нема цена.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>