Фармацевти
Контакт

<< Назад

МИГРЕНА

октомври 1, 2019

Лековитите билки помагаат

Силна болка проследена со низа специфични симптоми претставува една од основните карактеристики за мигрена и главна потешкотија со која се соочуваат сите кои страдаат од ова здравствено пореметување.

Автор: Владимир Пантиќ

Мигренозните напади се опишани уште за време на стара Грција во делата на Хипокрит. Мигрената е една од најчестите болести на планетата. Се смета дека со некој нејзин вид се соочува 16 % од популацијата. Од хронична мигрена страда секој педесетти човек, а најмногу е погодена возраста од дваест до педесет години. Жените се позагрозени во однос на мажите, па женските мигрени сочинуваат 75 % од сите мигренозни напади.

Настанување на мигрена

Механизмот на настанување на мигрената сè уште не е јасно дефиниран. Тоа што ѝ е познато на науката е дека генетскиот фактор игра значајна улога, така што ако во семејството имате случаи на зачестена мигрена, постои голема веројатност дека и вие ќе се соочите со неа. Стресот, одредени видови храна, лекови, консумирање  никотин и алкохол, хормонски промени во организмот, светлосни и звучни дразби, интензивни и непријатни мириси и промена на метеоролошките услови можат да бидат предизвикувачи за почеток на мигрена. На обвинителната клупа најчесто се следните видови намирници: напитоци на база на кофеин, стари презреани сирења, чоколадо, сувомеснати производи, домати. Овие видови предизвикувачи може да бидат многу индивидуални, па на пациентите им се советува да водат одреден вид  дневник на исхраната со помош на кој можат полесно да идентифицираат што е тоа што јаделе пред нападот и да научат во иднина тоа да го избегнуваат.

Симптоми и дијагностицирање

Кај помал број мигрени кај пациентите се јавува т.н. аура која го најавува претстојниот напад со низа светлосни сензации во видното поле и останати симптоми како: болка во едната страна на главата, трнење на екстремитетите, мачнина, повраќање, но и други. Овој вид мигрена се нарекува класична мигрена. Меѓутоа, дури во 80 % од случаите пациентите имаат атипична мигрена која може да се манифестира со болка од двете страни на главата и нема навестувачки симптоми. Многу е важно да се направи детален преглед со помош на кој се отстранува сомнежот на потенцијални други предизвикувачи на главоболка.

Терапија со лековити билки

Пред употреба на чаеви, билни екстракти и тинктури задолжително консултирајте се со својот лекар и фармацевт. Во медицинска употреба за лекување мигрена се користат капки добиени од исушен склероциум од печурката Claviceps purpurea. Иако по научна класификација не спаѓа во билни препарати, овој природен лек поради своите резултати е чест избор на лекарите. Означен е со латинско име Secale cornutum, носач на лековитите својства е алкалиодот ерготамин.

Билката вратика (лат. Tanacetum parthenium) содржи бројни лековити состојки. Антимигренозното дејство е припишано на партенолидот, кој е активен принцип и главна состојка на капки од вратика. Оваа билка се користи уште од античко време.

Во кинеската традиционална медицина за лекување мигрена се користи лекот Tou feng yu составен од билките Angelica dahurica, Ligusticum chuanxiong и Cammelia sinensis.

Чајот од ѓумбир се покажа како успешен во отстранување симптоми на мачнина. Корисно дејство имаат и вообичаените домашни билни чаеви од камилица, нане, мајчина душица, маточина и кантарион. На вака подготвената чајна мешавина можете да ѝ додадете цимет и на тој начин да го засилите нејзиното антимигренозно дејство.

Симптомите на мигрена можно е да се намалат и со помош на масажа на слепоочниците со етерични масла од лаванда, бергамот, рузмарин или нане. Важно е да се нагласи потребата за одмор и опуштање во услови без врева и останати надворешни надразнувања. Ароматерапијата се покажа како корисно дополнително средство во борбата против мигрена.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>