[vc_column width="1/1"]Душан Гољиќ м-р по фармација
Речиси на сите ни се случило неколку денови од летувањето да ни пропаднат поради неочекувани здравствени незгоди, како што се акутна дијареја, мачнина или температура
За да ги избегнеме тегобите и да бидеме потполно посветени на одморот, потребно е да се подготвиме за секоја можна ситуација. Додека ги пакуваме крпите, сандалите и гардеробата, се препорачува и пакување на летна патна аптека.
Изложувањето на сонце во текот на летувањето се подразбира. Ако, сепак, излегуваме на сонце задолжително е користење препарати за заштита од штетното сончево зрачење. Најдобар избор за нашата летна аптека се препарати кои содржат UVA и UVB филтри со висок степен на заштита (SPF≥ 30). Најдобро е да се избере водоотпорен производ, кој по правило одржува заштита од 40 минути по влегување во вода. Крем или лосион за сончање треба да се нанесе 15-30 минути пред изложување на сонце, потоа 15-30 минути откако ќе започне сончањето, а потоа се обновува со нов слој секои два до три часа и задолжително после пливање.
Алергиите можат да претставуваат посебен проблем, особено кај чувствителните лица. Се јавуваат како реакција на сонце, вода, храна или каснување од инсект. Најдобро е да се подготвите и во својата летна аптека да спакувате некој лек од групата антихистаминици кои се купуваат без рецепт, а може да бидат во облик на крем или таблети.
Повредите и исечениците се речиси редовен придружник на авантуристичките патувања. Без разлика дали ќе нагазиме на морски еж, или ќе се исечеме на нерамнина од камен, пожелно е да се има покрај себе антисептик, како што е хидроген 3%, и компактен завој, како што се гази, фластери и ханзапласт.
Болките и температурата можат да бидат несакани сопатници во текот на летувањето. Препаратите со парацетамол или ибупрофен се ефикасни, практични и често можат да се најдат во комбинација со витамин Ц. Ацетисалицилната киселина е многу ефикасна при температура, воспаленија на мускулите и болна состојба на зглобовите. Ја користат сите постари од 14 години и не е препорачлива кај жени во текот на циклусот, со оглед на тоа дека ја разредува крвта и го засилува крвавењето.
Дијарејата, мачнините и повраќање- то се јавуваат често, особено при патувања во егзотични тропски краишта. Се препорачува превентивна примена на пробиотици, три до пет дена пред патувањето и секој ден во текот на одморот. Кај инфекции со стомачен вирус се препорачува примена на препарати од пробиотска габичка Saccharomyces bulardii, која е исклучително ефикасна во терапија и превентивни стомачни заболувања.
Да го послушаме советот од фармацевтот при изборот на нашата летна аптека и да се опремиме за секоја можна непријатна ситуација. Кога нашата патна аптека ќе ја спакуваме, можеме да се насмееме и релаксирано да го побараме тој поглед и таа ладовина.
ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР
Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци