Опуштено, симпатично и женственоБојана Бугарски
Неколку сезони наназад креациите во вид на панделка од коса можеме да ги видиме на познатите личности, а на некои од нив оваа фризура им стана и заштитен знак...
Многу припаднички на поубавиот пол во текот на летните жештини не знаат што да прават со косата, па дури и оние со кратка имаат потреба да ја соберат и да ја тргнат од лицето и вратот.
Долгата коса претставува вистинска мака и главно е врзана во опавче или незадолжителна пунџа. Меѓутоа, зошто не би поиграле со својата коса и не направиме нешто поинакво?
Ви претставуваме два предлога.
Соберете ја косата во коњско опавче на врвот на главата. Опавчето проврете го низ ластиче, при претпоследното провирање опавчето немојте целосно да го проврете, оставете одредена должина (проценете во зависност од тоа колку косата ви е долга, но не премногу, за панделката подоцна да биде поцврста) која ќе биде една половина од панделката. Сега ластичето само завртете го и проврете го остатокот од косата, но пак така што ќе оставите дел кој нема да го проврете, а кој ќе го претставува другиот дел од панделката. Краевите од косата кои останале префрлете ги и прицврстете ги со шноли така што ќе ја скриете на средината видливоста на ластичето и ќе добиете облик на вистинска панделка. Оваа фризура можете и сами да ја направите.
За вториот тип на фризура, малку полежерен и со пуштена коса, можеби, сепак, ќе ви биде потребна помош. Косата соберете ја од двете страни, и врзете ја со ластиче, при последното провирање оставете део непроврен (свиткано коњско опавче). Делот од косата кој не е проврен поделете го на два дела и секој од долната страна прицврстете го со шноли што поблиску до темето. Преостанатиот дел од опавчето завиткајте го околу ластичето. Панделката е подготвена.
Не е потребно многу време, поинакви се, летни, симпатични... Пробајте ги и вие овие шик фризури!