Фармацевти
Контакт

<< Назад

TЕСТ – Каков одмор ти треба?

август 1, 2021

август 2021

  1. На работа ти следува еден слободен ден. Како ќе го искористиш?


А) Целиот ден ќе го поминам во чистење дома

Б) Ќе го искористам за шопинг

В) Со пријателите ќе одам на прошетка во природа

  1. Добиваш наследство кое вреди многу. Како ќе ги испланираш парите?


А) Веднаш ќе ги вложам во недвижнини и ќе ги дуплирам парите

Б) Се разбира, ќе направам план за да прошетам тропски и далечни дестинации

В) Дел од парите ќе ги споделам со моите најблиски

  1. Какви документарци сакаш да гледаш?


А) Историски – секогаш сакам да научам нешто ново

Б) Луксузни вили и биографии на познати личности

В) Документарци за природата и животните

  1. Кога се враќаш од одмор...


А) Планирам следно патување или веднаш се враќам на работните обврски

Б) Ми требаат три дена за да се вратам во нормала

В) Си продолжувам со секојдневието како ништо да не се сменило

  1. На одмор, за тебе најважно е...


А) Сè да биде беспрекорно и да можам навистина да одморам... И да, да биде чисто

Б) Да знам каде ќе се движам, што ќе јадам и кои се условите на плажа...

В) Да има мир и тишина

  1. Кое е твоето омилено годишно време:


А) Пролет и есен

Б) Лето

В) Сите годишни времиња имаат своја убавина

  1. Ако треба да се опишеш, ти на одмор си...


А) Организиран/а...

Б) Со високи очекувања и специфични барања

В) Спонтан/а

Најмногу одговори под А

Кога станува збор за одмор, не сакаш изненадувања. Каде и да одиш, ти си од оние луѓе кои  месеци пред одморот знаат колку работни денови ќе искористат, каде ќе прошетаат и што ќе видат, кои се најпознатите ресторани и барови... Сакаш секој момент да ти биде добро искористен и исполнет. Покрај плажа, ти сакаш и прошетки во градови каде можеш да научиш повеќе за нивната   култура и историја.

Најмногу одговори под Б

Сакаш раскош, луксуз и комотност. Ти си од оние  луѓе кои  доколку не може да си дозволат добар одмор и убава дестинација, воопшто не планираат патување. Сакаш да се шеташ на златни и песочни плажи, да пробаш различна храна и секоја сезона да има барем едно ново парче облека или костим за капење. За тебе фотографиите од одморот се исто така важни колку што и самиот одмор.

Најмногу одговори под В

Вистински авантурист. Сакаш да бидеш дел од природата, да се оддалечиш од градскиот метеж и да се почувствуваш дека си во друг свет. Не е важно каде ќе одиш, бидејќи знаеш дека ќе се снајдеш секаде и под секакви услови. Сакаш да истражуваш и да се дружиш со непознати личности. Планината, шаторот и кампувањето се твоја дефиниција за убав одмор.

За детално читање на овој текст, погледнете на 30 стр. во електронското издание на BETTY магазин (АВГУСТ 2021).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>