Фармацевти
Контакт

<< Назад

Дијагностицирање и индикации за оперативен зафат кај пациенти со бенигна простатна хиперплазија

мај 1, 2024



Бенигна хиперплазија на простатата (бенигно зголемување на простатата) е зголемување на обемот на простатната жлезда коешто се должи на зголемување на бројот на клетките на простатната жлезда. Кај мажи на возраст од 20 до 25 години обемот на простатата е околу 20-25 см3. Со напре дување на возраста, особено по 50 години, може да достигне 100-150 см3 и повеќе. Тоа е состојба, а не заболување на простатата коешто зависи од возраста.

Кај пациенти над 50-годишна возраст простатната жлезда има две основни заболувања: Состојба како што е бенигното простатно зголемување (БПЗ) и простатниот карцином (ПК). Многу често и двете заболувања на простатата даваат исти или слични симптоми. Точно поради тоа многу важна е точната дијагноза помеѓу двете заболувања и навремената и точна терапија. Симптомите на бенигното простатно зголемување или бенигната простатна хиперплазија всушност се симптоми на долните мочни патишта (СДМП).

Симптомите кај тие пациенти можат да бидат разделени во три групи:

1. Симптоми на зачувување на урината во бешиката

-Чести позиви за мокрење,
-Итни позиви за мокрење со или без испуштање урина
-Мокрење преку ноќта два или повеќе пати

2. Симптоми на евакуација на урината за време на мокрење

-Потешкотии за започнување за време на мокрење
-Слаб млаз
-Прекин на млазот
-Лажна инконтиненција (испуштање  урина) од преполна бешика кај пациенти со хронична ретенција (задршка на урината)

3. Постмикциони симптоми

-Капки на крајот на мокрењето
-Чувство за недоволно празнење на бешиката

Задолжителни испитувања за дијагностицирање на зголемената простатна жлезда (бенигна простатна хиперплазија) во рамките на симптоми од страна на долните мочни патишта.

1. Определување на тежината на симптомите на долните мочни патишта. Тие симптоми најлесно и точно можат да бидат покажани во стандардизирани анкети. Таков е Меѓународниот простатен симптоматски индекс (МПСИ) (International Prostate Symptomatic Score (IPSS). По пополнување на таа анкета можеме да ги разбериме карактерот и силата на симптомите. Слабо изразени симптоми од 0 до7 бода; Средно изразени симптоми 8-19: Тешко изразени симптоми 20-35 бода. Дополнително во таа анкета има и прашање за квалитетот на животот на тие пациенти.

2. Дигитално ректално испитување (ДРИ) палпација на простатната жлезда за поточно разграничување на бенигнената простатна хиперплазија од простатниот карцином.

3. Ехографија на простатната жлезда и бешика.

-Се мери големината на простатната жлезда во см3
-Се мери резидуалната урина.
-Признаци на компликации од простатното зголемување - дивертикули на бешиката (торбести раширувања на ѕидот на бешиката) и камења во бешиката

4. Лабораториски испитувања

-Општо хемиско испитување на урина, евентуално уринокултура
-Простатен специфичен антиген, ПСА (т.н. туморен маркер на простатната жлезда). Нормални вредности на ПСА сè до 4.0 нг/мл. Повисоките вредности на ПСА-маркерот можат да покажуваат поголема веројатност за простатен карцином, како и за воспалување на простатната жлезда, скоро извршен ректален преглед и др. Исто така, колку поголема е простатната жлезда толку повисоки над нормата можат да бидат свредностите на ПСА-маркерот. Затоа по секој преглед кај пацинети со направени резултати на ПСА, се мери и пресметува густината на ПСА.

5. Урофлоуметрија - испитување на млазот на урината за време на мокрење. Ја покажува силата на млазот во милилитри за секунда. Вредности над 15 мл/сек во голема степен исклучуваат сериозна пречка на уринирањето од зголемена простатна жлезда. Кај пациенти со зголемена простатна, максималниот уринен дебит може да биде намален под 10 мл/сек.

6. Уродинамика - испитување коешто едновремено го покажува односот на притисокот во бешиката и млазот. Тоа испитување покажува јасно за таканаречената субвезикална опструкција (или затнување или стеснување под бешиката којашто најчесто е предизви кана од зголемена простатна жлезда). Тоа е единственото испитување коешто со сигурност ни покажува дали е потребен оперативен зафат на простатната жлеза, како и да го прогнозираме успехот од извршување на истата.

Оперативниот зафат на простатната жлезда е индицирано кај пациенти со компликации предизвикани од простатното зголемување од бенигната простатна хиперплазија co докажување на субвезикална опструкција и зачуван контрактилитет на бешиката.

Индикации за оперативен зафат на простатната жлезда:

1. Хематурија повеќе пати (крв во урината)
2. Чести уроинфекции на долните мочни патишта
3. Акутна или хронична ретенција на урината (неможност за мокрење)
4. Камен/ња во бешиката
5. Дивертикули на бешиката (торбести раширувања на ѕидот на бешиката)
6. Двострана хидронефроза (застој во бубрезите)
7. Максимален уринен дебит под 10 мл/сек, индицира субвезикална опструкција
8. Докажана субвезикална опструкција со помош на уродинамика

Оперативениот зафат на бенигната простатна хиперплазија не го елиминира ризикот од појавата на простатен карцином во иднина. Затоа, сите оперирани пациенти од зголемена простата треба да продолжат со профилактични прегледи и испитувања на ПСА-маркерот барем еднаш во годината.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>