Фармацевти
Контакт

<< Назад

Емоционалната интелигенција е јасно измерена конгнитивна способност за обработка на информации содржани во емоциите

септември 1, 2022


Анета Коробкина
Мастер-тренер, спикер и автор на книгата best seller “Прекрасно! Како тоа го направиjа светскителидери”


Многупати кога зборуваме за емоционалната интелигенција, луѓето знаат да реагираат исплашено и се однесуваат со неверување кон оваа дисциплина, само затоа што уште како мали нè учеле да не ги покажуваме емоциите затоа што тоа не е во ред.

Па, така, и денес, кога работам со луѓе (групно и индивидуално), на оваа тематика гледам со страв, затвореност, неподготвеност да работат со своите емоции за некоj случаjно да не каже дека нешто не е во ред со нив.

Така беше и со мене сè додека свесно не разбрав дека не треба да се плашам од моите емоции, туку, напротив, да ги разберам и да работам со нив затоа што ние наjпрвин сме емоционални суштества, а потоа сме рационални.

Емоционалната интелигенциjа (EI) е јасно измерена когнитивна способност за обработка на информации содржани во емоциите, согледување емоции, одредување на значењето на емоциите, нивните врски меѓу себе, користење на емоционалните информации како основа за размислување и донесување одлуки според Мајер, Саловеј, Карузо. Каj д-р Карузо на Универзитетот „Јејл“ во Америка ја добив и сертификациjата професионално да работам со развивање на оваа важна способност.

Емоционалната интелигенција помага да се изградат висококвалитетни односи, да се изгради успешна кариера, да се постигнат професионални и лични цели.

Луѓето со висока EI постигнуваат повеќе во своите професионални активности, полесно се приспособуваат во општеството, поуспешни се финансиски, похармонични се и позадоволни од својот живот. Емоционалната интелигенција ви кажува како да постапите во одредени ситуации. На пример, не расправајте се со превозбудени луѓе, не ветувајте премногу во состојба на еуфорија, бидете одговорни за вашите мисли и постапки, не давајте несакани совети итн.

Истражувањата на влиjанието на емоционалниот интелект се почнати уште пред повеќе од 20 години. Пилот-проект за идентификување на врската помеѓу EI и лидерството бил спроведен уште во 1998 година во компанијата „Пепси“. Директорите чија емоционална интелигенција била повисока значително ги надминале своите колеги покажувајќи ги следниве резултати:
• Зголемување на продуктивноста за 10 %;
• Намалено заминување на персоналот за 87 % (4 милиони долари);
• Додадена економска вредност од 3,75 милиони долари;
• Поврат на инвестицијата над 1.000 %.

Слична студија била спроведена во 2002 година меѓу 358 лидери во „Џонсон и Џонсон“, која откри моќна врска помеѓу големите лидери и нивната емоционална интелигенција.

Заклучокот е јасен: „Емоционалната компетентност е особина на успешните лидери“.

Емоционалната интелигенција вклучува четири способности:

- Препознавање (Map) на емоциите - способност да се препознаат сопствените емоции и емоциите на другите преку говор, изрази на лицето, изглед, физички манифестации на емоциите, да се одредат емоциите преку уметнички дела, способност да се поврзат сопствените телесни чувства со искусни емоции, да се разликуваат вистински и лажни изрази на емоции и чувства;

- Користењето на емоциите (Match) за решавање проблеми е способност за компетентно користење одредени емоции како основа за донесување одлуки, за зголемување на ефикасноста на размислувањето и активноста, за решавање конкретни проблеми;

- Разбирање на емоциите (meaning) - способност да се разберат и анализираат сложените емоции и чувства, да се препознаат причините за емоциите и да се предвидат последиците од емоциите и емоционалните сценарија, како емоциите се движат од една до друга;

- Регулација на емоциите (move) - способност да ги регулирате вашите емоции и да влијаете врз емоциите на другите луѓе, да креирате ефективни стратегии, кои ви помагаат да ги постигнете вашите цели, способност да ги „наплаќате“ другите со вашите емоции вклучувајќи ги во вашите идеи.

Постоjат многу тестови кои го определуваат вашето ниво на EI, но вие можете да откриете дали имате развиена EI со искрено одговарање на четири прашања:
1. Дали ги разбирате вашите емоции и зошто се појавуваат?
2. Дали можете да ги регулирате вашите емоции?
3. Дали сте во можност да разберете како се чувствуваат другите луѓе и зошто?
4. Дали сте отворени за емоциите и чувствата на другите луѓе?

Ако одговоривте со „не“ на едно или повеќе прашања, тогаш, дефинитивно, треба да обрнете внимание на оваа компетентност.

Колку порано ќе почнете со развивање на своjот емоционален интелект, толку подобро и за вас и за оние околу вас. Почнете од себе и станете пример. Сигурна сум дека кога ќе почнете да работите на развивање на EI, ќе видите како ќе се подобри вашиот однос со сите околу вас. А сега замислете ако сите работевме на развивање на оваа особина, до каде ќе стасавме!

За повеќе информации за обуки, тимски и индивидуални, ви стоjам на располагање.

За детално читање на овој текст, погледнете на 28-29 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Септември 2022).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>