Фармацевти
Контакт

<< Назад

Како да превенирате развиток на парадентоза

април 24, 2023



Пишува: Д-р Симона Цоневска Пашоска

Парадентозата е многу често орално заболување, кое се развива во неколку фази. Првин се јавува воспаление на меките ткива, гингивитис, кога гингивите се набрекнати, зацрвенети, многу лесно крвават. Доколку не се лекува ваквата состојба, воспалението продолжува да се шири и кон подлабоките пародонтални структури.

Се појавуваат пародон- тални џебови, почнува коскената ресорпција и во крајната фаза доаѓа до разнишување и до губење на забите, иако можеби самите заби се сосема здрави. Причините за нејзино појавување се многубројни. На прво место се лошата орална хигиена и нередовната посета на стоматолог. Потоа несанирани кариеси, лоша поставеност на забите: збиени, изротирани заби, лоша оклузија. Генетскиот фактор исто така има голема улога како и факторот на стрес.

Проблемот со пародонтозата е најзиното постепено појавување, кое пациентите често го занемаруваат и се јавуваат на стоматолог во понапредната фаза од болеста. А лекувањето, всушност, се состои во воспоставување контрола над болеста и забавување на нејзиниот тек. Значи, најважна е превентивата за да не почне развиток на парадентоза или барем да се почне со третмани во почетните стадиуми зашто понатаму, кога ќе се изгуби поголем дел од коскеното ткиво, лекувањето е многу покомплицирано, а честопати и невозможно.

Превентивата се состои во неколку едноставни чекори:
Редовна орална хигиена, која подразбира четкање на забите со мека и густа четка, со полукружни движења, кои ќе опфаќаат и масирање на непцата во времетраење од 3 минути двапати на ден, наутро и навечер.

По вечерното четкање на забите, не е дозволено земање никаква храна и пијалаци, освен вода.
Кај оние што веќе имаат проблеми со непцата се препорачуваат медицински пасти, кои имаат превентивно или куративно дејство. Секако, многу значајна е и исхраната, која треба да биде богата со витамини и минерали, нелеплива и со што помалку шеќери. Следно е посета на стоматолог за санација на сите непожелни состојби во оралната празнина. Најпрвин за отстранување на забниот камен, отстранување на сите субгингивални конкременти и забни наслојки, фина обработка на меките ткива. Корекција на сите ортодонтски аномалии во забната низа, корекција на оклузијата и санација на сите кариозни лезии.

На генетските и на факторите на стрес не можеме мнгу да влијаеме, но затоа најважно е стекнување навика за редовна посета на стоматолог, која треба да биде на секои 6 месеци, со што ќе се следи состојбата на забалото и на ткивата околу него и навремено ќе се превенира секоја непожелна состојба.

За детално читање на овој текст, погледнете на 14-15 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Февруари 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>