Фармацевти
Контакт

<< Назад

Квалитетен живот е добар живот.

декември 31, 2022



Почнете да размислувате да го подобрите квалитетот на живот со секојдневни постапки.

Науката не дава формула и надеж за вечен живот. И во најздрави услови на живеење со сите поволности луѓето денес достигнуваат нешто над 100-годишна возраст.
Според Гинисовата книга на рекордите, најстар човек на модерната доба бил Хусеин Шадли од село во Сирија, кој живел 148 години (1852 - 1999).

Но, дали е битна само должината на животот? Дали годините се значајни за тоа како се чувствуваме? Како и за многу други работи, така и за самиот живот, пак сме фокусирани на квантитетот. Но, каде е квалитетот на живот? Дали воопшто ги искористуваме годините за да живееме? Во прилог неколку мудрости, извадоци од книги и мисли, кои можеби ќе те поттикнат да се посветиш на квалитетот на живот и секогаш да се чувствуваш млад.

Слушај ја мудроста на телото
Телото ти праќа знаци дали нешто ти годи или не. Доколку не ти годи, не го практикувај тоа. Но, остани физички активен.

Живеј во сегашноста.
Живеј во сегашноста, овде и сега, таква како што е. Без разлика каде се наоѓаш на твојата животна патека, не дозволувај твоето несовршено минато да ти ја украде сегашноста. Минатото ти го дава искуството што го имаш сега, а иднината е нешто што треба да се случи. Прифати ја неизвесноста од иднината, тоа ќе ти помогне да се ослободиш од стресот. Основата лежи во живеење на сегашноста, ослободен од желбата да се контролира секој момент.

Секогаш тргнувај од себе.
Светот надвор од тебе е рефлексија на светот во тебе. Најчесто го мразиме кај другите она што го негираме кај себе, а го цениме она што го сакаме кај себе. Ослободи се од товарот на осудувањето. Барај го доброто во секого. Да се љуби, неосудува и самоприфаќа - се големи мудрости како да се живее.

Додај живот на годините, а не само повеќе години на животот
Замени ги поведенијата што се инспирирани од стравот со оние мотивирани од љубов и милосрдие.

Ослободи се од лошите чувства и мисли.
Не загадувај го телото со отрови преку храна, пијалак или лоши чувства и мисли. Отвори ги умот и срцето. Ограничувањето е само менталитет што многу луѓе го практикуваат
верувајќи дека е релност. Да живееш во рамнотежа е најголемото добро за тебе.

Сакајте некого
Дали сте се поврзале со некој? Дали некој ви се допаѓа? Дури и ако знаете дека нема да стапите во брак со оваа личност или нема да го поминете остатокот од животот заедно, дозволете си да сакате.

Направете го тој скок
Дали сега е единственото време во вашиот живот? Имате можност да направите нешто посебно. Што ќе се случи ако не го направите тој скок? Дали некогаш ќе добиете нова шанса? Можностите се прикажуваат во вистинскиот момент. Тие никогаш не се совршени - можноста се нарекува можност бидејќи ви вели да ризикувате.

Поработете на вештините
Ако не работите на вашите вештини денес, тогаш нема да бидете поталентирани утре. Ако продолжувате да ги носите истите одлуки, нема никогаш да станете подобри. И пред да сфатите, вештината повеќе нема да ве интересира или нема да можете да ја научите нејзината суштина.

ЈАНУАРИ Е ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН МЕСЕЦ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ

За детално читање на овој текст, погледнете на 26-27 стр. во електронското издание на BETTY магазин (Јануари 2023).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>