Фармацевти
Контакт

<< Назад

Менопаузата може да помине без симптоми

март 1, 2022

м-р по фармација Стефче Монавчев
ИННвента

PR текст / INNventa / ноември 2021

|

 

Менопаузата го означува крајот на репродуктивната способност на жените, а е предизвикана од хормонални промени. Тоа е природна појава која се јавува кај постарите жени поради исцрпување на функцијата на јајниците. Во периодот на менопаузата има големи промени во начинот на функционирање на женското тело, но и промени кои влијаат на квалитетот на животот, бидејќи покрај физичките потешкотии, има и психички проблеми кои го нарушуваат секојдневното функционирање. Менопаузата најчесто се јавува на возраст од 45 до 55 години. Не треба да се доживува како болест, туку како процес на привикнување на организмот на новите промени. Она што треба да се третира се симптомите кои се јавуваат за време на менопаузата, а посебно внимание треба да се посвети на спречување на развој на можни посериозни состојби како што се атеросклероза и остеопороза.

Менопаузата во поширока смисла вклучува три периоди: перименопауза, менопауза и постменопауза. Главен знак што покажува на самиот почеток на менопауза е нередовната менструација, која првично може да се јавува почесто од вообичаеното, а потоа паузите помеѓу две менструации ќе бидат подолги. Дополнителни симптоми кои се јавуваат како последица на различното количество на секретирани хормони се: појава на топли бранови, ноќно потење, промени во расположението, несоница, главоболки и забрзани отчукувања на срцето. Сите жени нема да ги почувствуваат сите симптоми, ниту пак интензитетот на симптомите ќе биде ист кај секоја од нив, па така најранлива група ќе бидат оние жени кои имале интензивни симптоми кај ПМС и оние кои доживеале постпородилна депресија. Оваа група на жени е всушност најчувствителна на промени во хормоналниот статус.



Епидемиолошките податоци покажуваат дека дури 75-85% од жените чувствуваат симптоми кои помалку или повеќе влијаат на квалитетот на нивниот живот и работната способност. Иако здравјето и подобрувањето на здравјето во менопаузата треба да бидат приоритет за секоја жена, повеќето од нив не посветуваат доволно внимание и не реагираат адекватно на симптомите кои не треба да се игнорираат бидејќи нивните последици можат да бидат многу поопасни. Намаленото производство на естроген доведува до губење на колаген, така што кај жените во менопауза има истенчување на кожата и косата, болки во зглобовите и мускулите, но далеку посериозна последица е остеопорозата или намалената густина на коските, што го зголемува ризикот од фрактури дури и со безопасни испакнатини и паѓања. Намалувањето на количеството на естроген во организмот ќе доведе и до намалено лачење на серотонин, хормон кој значително влијае на расположението и поради таа причина може да дојде до напади на паника и депресија за време на менопаузата.

Постојат многу не-фармаколошки мерки кои жените можат да ги користат за да си помогнат во овој период. Некои од нив се: редовно вежбање, откажување од пушење, намалување на внесот на кофеин, шеќер и алкохол и адекватна подготовка за ноќен сон, што значи намалување на осветлувањето во просторијата, избегнување гледање телевизија или мобилен телефон пред спиење итн. Преку многубројните спроведени студии, експертите дошле до заклучок дека адекватното суплементирање многу би им помогнало на жените полесно да го пребродат овој период и да ја успорат појавата на можни компликации.

Фармацевтската компанија INNventa го претставува LUPRINN®, производ кој ги регулира непријатните симптоми на менопауза.

LUPRINN® претставува додаток во исхраната кој содржи екстракт од шишарки на хмељ (Humulus lupulus). За позитивните ефекти на овој препарат е одговорен 8-пренилнарингенин, најмоќниот фитоестроген, кој има слична структура и профил на дејство како природните естрогени произведени во нашето тело. Со секојдневна примена на оваа патентирана фитоестрогенска формулација, по само 4 недели ќе има значително намалување на појавата на симптомите на менопауза. За разлика од хормонската терапија, која има голем број на потенцијални несакани ефекти, употребата на LUPRINN® природно ќе го подобри квалитетот на живот кај жените во менопауза, без појава и страв од несакани ефекти.

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Дознајте го хороскопот за тековниот месец.

Дознај повеќе >>