Емилија Спасовска Мојсовска
магистер по нутриционизам
|
Мои  предлози  за оброци  кои се нискокалорични,  а  може да бидат  присутни  на  новогодишната трпеза се следниве:
1.Печурки со спанаќ
Потребни состојки:
 	- Праз или кромид по желба
 
 	- 150 г спанаќ
 
 	- 200 г печурки
 
 	- магдонос
 
 	- лук
 
Начин на подготовка:
Исчистете ги и исечкајте ги печурките и ставете ги да се динстаат заедно со кромидот и празот.
Додајте го спанаќот и оставете да се динста додека печурките не ја променат бојата. Откако ќе бидат готово,  ставете врз нив ситно сечкан лук, магдонос и пола лажица маслиново масло.
______________________________________________________________________________
Бомбици од костени и чоколадо 
Потребни состојки:
 	- 200 г пире од костени
 
 	- 50 г путер
 
 	- 2 лажички мед
 
 	- 2 лажички рум
 
 	- 100 г топено црно чоколадо
 
 	- 100 г изрендано црно чоколадо
 
Начин на подготовка:
Измешајте  ги костените  со  путерот, румот и медот, растопете го чоколадото, измешајте. Почекајте малку да се излади и обликувајте бомбици, па секоја извалкајте ја во изрендано чоколадо.
______________________________________________________________________________
Печена ципура со лук
Состојки:
2 парчиња ципура
сол
црн пипер
лимон
2 чешниња лук
магдонос
Начин на  подготовка:
Претходно исчистените  две парчиња од риба  се полнат  со лук, магдонос  и лимон.
Во  тавче  се  додава  маслиново масло,  се додаваат  двете парчиња риба  и се  печат на  180 степени.
______________________________________________________________________________
Пита со јаболко и цимет од 3 вида  интегрално  брашно
150 г интегрално пченично брашно
150 г интегрално јачменово брашно
150 г интегрално овесно брашно
100 мл масло за јадење
200 мл растително млеко
2 јајца
1 лажичка сода бикарбона за готвење
1 лажичка цимет
2 јаболка
1 лажица семки од сончоглед
1 лажица ленено семе
Изматете ги со миксер маслото,  јајцата и млекото, додајте  го брашното и продолжете да матите, потоа додајте ги ренданите јаболка. Целата смеса ставете   ја во плех за печење, наросете со семки од сончоглед и ленено семе и ставете ја да се пече на 180 степени 20 до 25 мин. додека не зарумени.
______________________________________________________________________________
Сурова торта  со боровинки
Потребни сосотојки:
 	- 400 г индиски ореви (отстоени во вода преку ноќ)
 
 	- 1 лажица сок од лимон
 
 	- 150 мл кососово млеко
 
 	- 2 лажици мед
 
 	- 200 г боровинки свежи или замрзнати
 
 	- 200 г суви урми без коска (отстоени во вода преку ноќ)
 
 	- 100 г бадеми
 
Начин на подготовка:
 	- Прво се подготвува основа на торатата – пандишпан – ставете ги урмите и бадемите во блендер за да добиете леплива смеса.
 
Распоредете ја смесата во тава и притиснете ја рамномерно да се распореди, оставете ја во ладнилник 15 минути.
 	- Исцедете ги индиските ореви и ставете ги во блендер заедно со сокот од лимон, кокосовото млеко и медот, блендирајте додека да добиете  смеса како крем, потоа прелијте ја во тавчето  врз основата – пандишпанот и рамномерно распоредете и оставете во ладилник 15 минути да се зацврсти смесата.
 
 	- Ставете ги боровинките (по избор - додајте една лажичка мед во процесорот за храна за да добиете  смеса како крем и прелијте врз филот од индиски ореви, и ставете ја во тортата најмалку 3 часа во замрзнувач.
 
За сервирање оставете ја тортата 15 минути на собна температура.
За детално читање на овој текст, погледнете на 26-27 стр. во електронското издание на BETTY магазин (МАРТ 2022).