ОПШТИ ПРАВИЛА ЗА GIVEAWAY
1. Организатор
Организатор на Giveaway е Феникс Фарма, со седиште на ул. „Јадранска Магистрала“ бр.31, Визбегово, 1000 Скопје.
2. Место на организирање на giveaway
Giveaway-от се организира преку FB профилот BETTY аптеки Македoнија и важи за територијата на Република Северна Македонија.
3. Услови за учество на Giveaway
За учество на giveaway-от е потребно:
- Да почнете да го следите профилот на Betty аптеки Македонија и да означите пријател во коментар.
- Бројот на коментари не е ограничен
- Право на учество имаат само полнолетни лица. Учество на giveaway-от со лажни профили е забрането. Забрането е користење програми кои го кријат идентитетот и ја менуваат IP-адресата. Во случај администраторот да утврди злоупотреба на страницата од страна на еден или повеќе корисници, овие корисници без опомена ќе бидат дисквалификувани од giveaway-от и нивната содржина ќе биде избришана. Причините за дисквалификација вклучуваат, но не се ограничени на: немање профилна слика, премал број пријатели или неодговарање на директен мејл во рок од 48 часа. Организаторот по своја сопствена проценка може да го дисквалификува секој учесник доколку утврди разумен сомнеж дека истиот се користи со лажен профил за да учествува на giveaway-от. Организаторот го задржува правото да дисквалификува учесници кои учествувале на giveaway-от доколку нивните коментари и содржината на коментарите се навредливи на расна, национална, полова или која било друга основа.
4. Начин на реализација на giveaway-от
Giveaway-от е поделен во 2 (две) фази и тоа:
- Прва фаза – пријавување на giveaway-от во периодот кој ќе биде објавен на самиот пост.
- Втора фаза – објавување на добитникот. Со помош на https://commentpicker.com/ ќе биде извлечен добитникот. По објавување на добитникот, истиот е потребно да ги испрати своите податоци (име и презиме, адреса, град, телефон за контакт) во приватна порака и да напише во која најблиска BETTY аптека сака да му биде доставена добивката. Листата на локации на BETTY аптеките може да се најде на следниот линк https://betty.mk/apteki-betty/. Организаторот ги контактира добитниците околу организација за подигнување на добивката. Доколку добитникот не ги достави потребните податоци, организаторот не е должен истата да ја додели.
5. Добивка
Добивката ќе биде јасно објавена на FB страницата на BETTY аптеки Македонија при објавување на постот за почеток на giveaway-от.
6. Достава
Добивката ќе биде доставена во BETTY аптеката по избор на добитникот, кој претходно ќе ја напише аптеката во приватна порака на ФБ-страницата BETTY аптеки Македонија. Рокот за достава на добивката е 6 (шест) работни дена од наведениот рок за достава на добивката на добитникот на giveaway-от. Еден учесник може да освои само една добивка. Учесниците кои учествуваат на giveaway-от немаат право да бараат друг вид производи или поголема количина од оние кои организаторот ги има предвидено и ги има објавено при објавување на giveaway-от. Добивката не може да се заменат со пари. Организаторот ја доставува добивката само на територија на Р С.Македонија. Организаторот нема да сноси одговорност ако не е во можност да ги исполни обврските поради виша сила. Обврската на организаторот престанува со преземањето на пакетот производи од страна на добитникот.
7. Учесници/Согласност со правила
На Giveaway-от не може да учествуваат лица вработени кај организаторот и лица кои на кој било начин учествуваат во подготовка и реализација на оваа активност, како и најблиските соработници на овие лица: родители, деца, сопружници. Со учество во овој Giveaway ги прифаќате во целост овие правила.
8. Заштита на лични податоци
Организаторот се обврзува да собира, чува и користи податоци за учесниците и победниците во Giveaway-от во согласност со Законот за заштита на личните податоци и само за целите на реализација на Giveaway-от.
Организаторот ги користи и обработува личните податоци исклучиво постирани/објавени од учесникот на профилната страница на Betty аптеки Македонија, а учесникот е единствено одговорен за точноста на податоците и е должен и одговорен навремено да го извести Организаторот за нивната промена.
Со постирање и објава на личните податоци на профилната страница на Betty аптеки Македонија, учесниците изрично се согласуваат дека Организаторот ќе ги користи нивните лични податоци за потребите на Giveaway-от и до нивно изрично отповикување.
Сите други детали во врска со ракувањето и заштитата на личните податоци и остварувањето на нивните права, учесникот може да ги прочита во делот Заштита на податоци, кој е достапен на веб-страницата на Организаторот.
Сите лични податоци ќе бидат заштитени со примена на соодветни технички и организациски мерки, а со нив ќе се постапува законски и правично во согласност со важечките прописи од областа на заштитата на личните податоци.
Организаторот ќе ги преземе сите разумно неопходни мерки за обработка и користење на личните податоци на учесниците во Giveaway-от на безбеден начин и во согласност со позитивното законодавство.
9. Прекин на Giveaway-от
Организаторот го задржува правото во кое било време, без никаква одговорност да го менува, да го прекине, привремено или трајно, овој giveaway, со или без претходна најава.