Фармацевти
Контакт

<< Назад

ХИПЕРЛИПИДЕМИИ – Најважниот фактор на ризик за кардиоваскуларните заболувања

февруари 1, 2020

|



м-р фармацевт Соња Пецевска

Холестеролот е материја којашто е нормална составна компонента на секоја клетка во телото. Од него настануваат повеќе видови хормони (тестостерон, естрадиол, кортизол),  дел е од витаминот Д, а непоходен е и за создавање на жолчните киселини потребни за нормално варење на храната, особено на мастите. Освен преку храната што ја внесуваме, холестеролот се создава и во организмот, пред сè во црниот дроб (1-2 гр) на ден. Триглицеридите се соединенија на алкохол, глицерол и масни киселини. Ги внесуваме преку храната, при што во организмот мора да се разградат на глицерол и на масни киселини. Глицеролот се претвора во гликоза (крвен шеќер), која може да се искористи за создавање енергија или изградба на други материи, а масните киселини се разградуват до поедноставни, при што исто така настанува енергија. Хиперлипидемиите, или зголеменото ниво на масни материи (липиди), во крвта се (однесува на холестеролот и триглицеридите) се честа појава кај нашата популација и во светот. Нивниот третман е неoпходен, бидејќи доведуваат до посериозни компликации, како атеросклероза, која понатаму е директна причина за појава на  срцев инфаркт или мозочен удар. Во вакви случаи имаме зголемено ниво на триглицериди и ЛДЛ (low density lipoprotein), а намалено ниво на ХДЛ (high density lipoprotein) познати и како лош и добар холестерол, соодветно. Граничните вредности се следни:

Тотален холестерол   <5,2 ммол/л

ЛДЛ-холестерол    < 3,3 ммол/л

ХДЛ-холестерол    > 1,4 ммол/л

Триглицериди      < 1,7 ммол/л



Кога вредностите на холестеролот се многу високи, лекарот ќе ви препише статини, лекови кои го намалуваат неговото ниво, или лекови кои ги намалуваат триглицеридите. Треба да се дејствува терапевтски за да се намали нивото на вкупниот и на ЛДЛ-холестеролот, а да се зголеми нивото на ХДЛ- холестеролот. Овие лекови имаат улога и на антиоксиданти, кои го штитат ѕидот на артериите, па дури некогаш се даваат и превентивно, независно од нивото на холестерол, кога има знаци на стареење на крвните садови, т.е. наслаги или посериозни оштетувања, по интервенција на крвните садови (стентирање, проширување на артеријата со балон), по хируршка реваскуларизација на срцето (бајпас), кај присутен дијабетес итн. Сепак, се работи за хемиски соединенија кои треба долго да се користат (најчесто терапијата е доживотна), и како и секој лек, имаат несакани ефекти (најчеста несакана реакција е мускулната болка, потоа главоболка, зашеметеност, запек, протеинурија, зголемување на нивото на шеќер во крвта, хиперзензитивни кожни реакции итн.). Посериозни несакани дејства се: оштетување на црниот дроб, невролошки ефекти, периферна невропатија, катаракта, тешки алергиски реакции. За среќа, постојат природни извори на статини со кои успешно се регулираат холестеролот и триглицеридите. Таков е на пример црвениот ориз, кој изобилува со активни состојки – монаколини, кои се сметаат за природни статини. Од сите монаколини, најактивен е монаколин K, кој го инхибира ензимот HMG-CoA редуктаза и на тој начин ја стопира синтезата на холестерол во црниот дроб. Монаколин K, исто така, е познат и под називот „мевинолин“ или „ловастатин“. Монаколин K е клучен за делотворноста на црвениот ориз, во смисла на намалување на вкупен холестерол, намалување на ЛДЛ-холестеролот и триглицеридите во крвта. Покрај монаколинот, со процесот на ферментација се создаваат и растителни стероли, незаситени масни киселини, ензими за варење, витамини од Б групата (ниацин) и други продукти, кои исто така придонесуваат за делувањето и ефикасноста на производот. Корисниот ефект се постигнува со дневно внесување на 10 мг монаколин K од ферментиран црвен ориз. Преку клинички студии е утврдена неговата ефикасност во намалувањето на триглицеридите и холестеролот во крвта по 4 - 8 неделна примена. Испитувањата покажале намалување на вредностите на триглицеридите и вкупниот холестерол за 26%. Благодарение на бројните студии кои ги документираат горенаведените дејства, постои одобрено здравствено тврдење: „монаколинот K од ферментиран црвен ориз придонесува за одржување на нормалното ниво на холестерол во крвта“.

За детално читање на овој текст, погледнете на 20-21 стр. во електронското издание на BETTY магазин (ФЕВРУАРИ 2020).

ДИЕТАЛЕН КАЛКУЛАТОР

Со помош на долниот калкулатор можете на брз и едноставен начин да ги испланирате вашите дневни оброци

Дознај повеќе >>

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП

Месечниот хороскоп е само текст

Дознај повеќе >>